Најмалку 4.113 цивили се убиени, а уште 4.916 се повредени од почетокот на целосната руска инвазија на Украина, стои во извештајот со најновите податоците кои беа објавени од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации на почетокот на 31 мај.
Меѓу жртвите се вкупно 4.113 убиени (1.550 мажи, 1.023 жени, 95 девојчиња и 100 момчиња, како и 69 деца и 1.276 возрасни лица чиј пол сè уште не е познат); вкупно 4.916 повредени (978 мажи, 658 жени, 115 девојчиња и 138 момчиња, како и 168 деца и 2.859 возрасни чиј пол сè уште не е познат).
Најмногу цивилни жртви претрпеа регионите Доњецк и Луганск (2.337 загинати и 2.808 повредени).
Во другите региони на Украина, каде што воените операции се одржаа или се во тек, загинаа 1.776 луѓе, а 2.108 беа повредени.
ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложено и многу извештаи сè уште чекаат потврда. Ова се однесува, на пример, за Мариупол (регионот Доњецк), Изиум (регионот Харков) и Попасна (регионот Луганск), каде што има наводи за бројни цивилни жртви.
Подготви: Д.Мишев