• Latest

Маричиќ на „Стокхолм + 50“: Иднината на здрава планета е наша заедничка обврскa

June 2, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Маричиќ на „Стокхолм + 50“: Иднината на здрава планета е наша заедничка обврскa

June 2, 2022 14:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се обрати на значајниот глобален состанок за животна средина, „Стокхолм + 50“, кој ја одбележува 50 годишнината од Конференцијата на Обединетите нации за животна средина, испраќајќи порака дека одржливиот развој на животната средина е глобална цел и дека не смее да се изгуби битката со еколошките предизвици, информираат од Секретаријатот за Европски прашања.

-Иднината на здрава планета е наша заедничка обврска. Помина половина век од Првата конференција на ОН за човековата средина во Стокхолм, 1972 година и сè уште разговараме за глобалните еколошки предизвици, рече Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека Северна Македонија, заедно со глобалната заедница ја поддржува заедничката визија за „Здрава планета за просперитет на сите“.

-Имаме поставено долгорочна визија: Северна Македонија до 2050 година да е просперитетна економија со ниска емисија на јаглерод, која следи одржливи и климатски отпорни патеки за развој, и која ја подобрува конкурентноста и промовира социјална кохезија преку акција за борба против климатските промени и нејзините влијанија, истакна Маричиќ додавајќи дека во борбата против денешните предизвици, регионалната соработка има важна улога, особено во исполнувањето на целите на Зелената агенда за Западен Балкан.

Според него „Стокхолм + 50“ е одлична можност да постигнете просперитетна, инклузивна и здрава планета, но за тоа е потребен мултилатеризам во справувањето со тројната планетарна криза на Земјата – климата, природата и загадувањето и координирана акција од различни чинители и поединци, како и партнерства помеѓу науката, бизнисот, креаторите на политики и граѓанскиот сектор.

-Ова е загарантиран начин на кој ќе дојдеме до соодветни решенија кои се важни за одржливиот развој и заштита на планетата и на сè што живее и дише на неа. Денес наша одговорност и можност е да го исполниме она што е поставено како цел пред 50 години на Конференцијата за животната средина, може да биде целосно реализирано со градење здрава иднина за сите нас и за претстојните генерации, порача Маричиќ.

Покрај Маричиќ, на глобалниот настан учествува и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој ќе има свое обраќање на третиот лидерскиот дијалог насловен: ,,Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија на одржливиот развој”.

Вицепремиерот Маричиќ во рамки на посетата на Кралството Шведска ќе оствари неколку билатерални средби меѓу кои ќе биде и средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линден и со претседавачот со парламентарната група на пријатели на Западен Балкан, Аднан Дибрани и претседавач от со ЕУ Комитетот, Пири Ниеми, како и со генералната директорка на Шведската развојна агенција, Карин Јамтин.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ