• Latest

Украина во СБ на ОН: Конечниот договор за војната ќе биде трибунал за Путин, Шојгу и Лавров

June 3, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Украина во СБ на ОН: Конечниот договор за војната ќе биде трибунал за Путин, Шојгу и Лавров

June 3, 2022 12:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 100 дена храбар отпор на вооружените сили на Украина и украинскиот народ јасно покажаа дека војната ќе заврши со пораз на Русија, изјави советникот на Постојаната мисија на Украина во ОН, Серхи Дворник, на отворената дебата на Советот за безбедност на Обединетите нации за зајакнување на одговорноста и казнувањето за сериозно кршење на меѓународното право, јави дописникот на Укринформ.

Според неговите зборови, Украина ја поддржува идејата да се создаде специјален кривичен трибунал за казнување на кривичното дело агресија врз Украина.

„Таков трибунал ќе биде конечниот договор за војната за Путин, Шојгу, Герасимов, Лавров и другите руски воени злосторници. По 100 дена храбар отпор на вооружените сили и на целиот украински народ, јасно е дека оваа неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна ќе заврши со пораз на Русија. Пораз кој ќе биде победа за целиот цивилизиран свет“, рече Дворник.

Според неговите зборови, 1.200 тела на убиени цивили биле откриени само во Киевската област по повлекувањето на руската армија. Бројот на цивилни жртви во Мариупол може да се изброи дури по деокупацијата на градот.

„Сепак, јасно е дека десетици илјади луѓе се убиени“, додаде Дворник.

Според Дворник, во Украина дневно се вршат околу 200-300 воени злосторства, а нивниот вкупен број од почетокот на инвазијата надмина 15.000.

Украина ги повикува сите партнери да се приклучат на напорите за обезбедување правда во рамките на Заедничкиот истражен тим за истрага на воени злосторства на Руската Федерација, во кој се вклучени и Европравда и Канцеларијата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд.

Дворник истакна дека иследниците веќе регистрирале 1.042 кривични постапки за злосторства извршени врз деца за време на инвазијата. Најмалку 261 дете загинаа, 460 беа повредени, а 145 исчезнаа. Веќе е утврден идентитетот на 11 руски војници осомничени за злоупотреба на деца, нагласи Дворник.

Дворник, исто така, нагласи дека Украина ќе продолжи да се бори за безбедно и брзо враќање на повеќе од 230.000 украински деца насилно депортирани во Русија.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ