• Latest

Маричиќ: Полошкиот регион лидер во реализација на проекти за заштита на животната средина

June 5, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Маричиќ: Полошкиот регион лидер во реализација на проекти за заштита на животната средина

June 5, 2022 13:52
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter
Една од приоритетните цели за насочувањето на европската поддршка од Програмата ИПА, во следниот период ќе биде во секторот заштита на животната средина и климатска акција, напиша денеска на својот фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод одбележување на Светскиот ден на животната средина.

Тој информира дека Владата ги почна подготовките за изработка на Националната стратегија за развој 2022-2042 година.
-Владата ги почна подготовките за изработка на Националната стратегија за развој 2022-2042 година која ќе ни помогне да ги поставиме предизвиците на Агендата 2030 и да обезбедиме поголем фокус на нивната имплементација и политиките што ЕУ ги спроведува, вклучително Зелениот договор и Дигиталната агенда, додаде Маричиќ.
Според вицепремиерот, зачувувањето на животната средина останува горлив проблем поради растечките еколошки катастрофи со кои се соочува човештвото.
Тој напомена дека е неопходно да се воспостави хармоничен однос кој ќе ги балансира социјалните, економските и еколошките фактори, со цел да се зачува природното богатство на нашата планета за идните генерации.
-Од 2007 година вкупно 92 проекти се реализирани во оваа област со вкупна вредност од над 122 милиони евра. Лидер во реализацијата на проекти и активности за заштита на животната средина е Полошкиот регион со 23 проекти и вредност од 5.243.509,41 милиони евра, стои во Фејсбук статусот на Маричиќ.
Тој посочува дека секој од нас има улога и одговорност за заштита на животната стедина и одржување во подобра состојба, за нашите деца и следните генерација, од онаа што наследивме, порачувајќи секој ден да биде ден на животната средина, бидејќи тоа ѝ го должиме на планетата Земја.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ