• Latest

Зеленски: Сите треба да зборуваат за тоа што се случува во Украина за да не се намали вниманието на нашата борба за слобода

June 7, 2022
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивограба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Сите треба да зборуваат за тоа што се случува во Украина за да не се намали вниманието на нашата борба за слобода

June 7, 2022 09:41
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За да не се намали вниманието кон Украина, да не се намали нашата борба за слобода, секој мора да продолжи да зборува за тоа што се случува. Ве молиме споделете информации. Поддржете ги нашите потреби.
Се разбира, тоа пред се се однесува на новинарите. И денес, патем, сакам да им посакам да не се заклучуваат на нашиот внатрешен украински контекст. Колку повеќе зборуваме за Украина во светот, толку побрзо ќе можеме да ја завршиме војната и да ја ослободиме нашата земја, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Денес беше напорен ден. Ден на важна комуникација, важни состаноци, рече Зеленски. На новинарите им го честитав професионалниот празник. За време на војната зборот „празник“ звучи многу неприродно, но секоја година на овој ден, 6-ти јуни, се слушаат честитки за луѓето од кои, се разбира, зависиме сите. На информациите што ги пренесоа. На брзината со која работат.

Тој истакна дека, разбирливо, оваа година не славиме. Но, сепак, ние им честитаме. Сè уште го забележуваме придонесот на новинарите од Украина и на сите оние од кои зависи работата на медиумите: сниматели, инженери, уредници, фотографи, продуценти и сите без кои емитувањето е невозможно и веб-страниците нема да работат. Тоа се луѓето кои го чуваат информативниот фронт и на кои сум им благодарен за ова во име на сите нас, сите Украинци.

Зеленски информираше дека ги наградил дописниците и медиумските работници кои сега работат на бојното поле, и им доделил награди и на роднините на оние чии животи беа одземени од војната.

32 медиумски работници се убиени од 24 февруари. Овој список вклучува различни биографии, различни лични приказни. И не само граѓаните на Украина. Денеска на пригодна церемонија во претседателскиот кабинет останаа запаметени сите. Нивниот спомен беше оддаден со миг молк, истакна Зеленски.

Тој соопшти дека разговарал со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, кого го информирал за ситуацијата на бојното поле, за нашите можности и клучните моментални опасности, особено во Донбас и во јужните региони на Украина.Претседателот изразил благодарност на премиерот Борис Џонсон за целосно разбирање на нашите потреби и за неговата подготвеност да и обезбеди на Украина оружјето што ни е толку потребно за да ги заштитиме животите на нашиот народ.

Исто така, Зеленски информира дека разговарал и со полскиот претседател Анджеј Дуда,  за одбранбената поддршка за Украина, задолжителна тема во сите преговори, и се заблагодари на партнерите кои дејствуваат брзо и не ги одложуваат своите одлуки, и изрази благодарност на Полска.

Со Анджеј беше разговарано и за прашањето за кандидатскиот статус за Украина, што е клучно политичко прашање во моментов. Во наредните недели ја чекаме одлуката на Европската унија за нашата апликација. Верувам дека тоа ќе биде одлука не само за Украина, туку и за целиот европски проект. За тоа дали има иднина како навистина силна заедница, рече Зеленски.

Претседателот посочи дека се подготвува за нов бран апели и комуникација со политичките и експертските заедници во светот за да и ја гарантираме на нашата држава поддршката што ни е толку потребна. Ова е постојан процес – одржување на вниманието и не може да се запре ниту еден момент.

И тоа важи за сите, навистина. Секој современ човек добро знае како функционираат медиумите. Многу е тешко да се внимава на една тема долго време. За да не се намали вниманието кон Украина, да не се намали нашата борба за слобода, секој мора да продолжи да зборува за тоа што се случува. Ве молиме споделете информации. Поддржете ги нашите потреби, апелира Зеленски. Се разбира, тоа пред се се однесува на новинарите. И денес, патем, сакам да им посакам да не се заклучуваат на нашиот внатрешен украински контекст. Колку повеќе зборуваме за Украина во светот, толку побрзо ќе можеме да ја завршиме војната и да ја ослободиме нашата земја.

Тој нагласи дека ова се однесува на сите претставници на државната и украинската политика, да работат за нашата одбрана – во единство и со полна сила, но, и да не заборават дека бизнисот, културата и обичните луѓе можат да направат многу за да ја задржат Украина на врвот на глобалното внимание.

Едноставен пример – денес ми беа претставени поштенски марки издадени во Шпанија за поддршка на Украина. Можеби изгледа дека поштенската марка не може ништо да промени. Но, тоа е симбол на вниманието на нашата борба што милиони луѓе ќе го видат, истакна Зеленски.

Зеленски во обраќањето посочи дека креирање такви симболи, охрабрување на создавање такви симболи, зборување за Украина и охрабрување разговори за Украина – тоа е она што ќе помогне во преговорите со претставниците на државите за специфична важна помош што и е потребна на Украина денес.

Нашите херои ги држат своите позиции во Северодонецк. Во градот продолжуваат жестоките улични борби. Лисичанск, Славјанск, Бахмут, Свијатохирија, Авдиивка, Курахове и други насоки на руските удари се најжешките точки на конфронтација денес, рече Зеленски. Руската армија се обидува да употреби дополнителни сили во правец на Донбас, но веќе е 103-ти ден – а украинскиот Донбас стои. Цврсто стои. Правиме се за одбраната и во правците Запорожје и Миколаев. Благодарен сум на сите што го трпат силниот притисок на окупаторот и ја бранат нашата држава.

На крајот од обраќањето, Зеленски информира дека на 17.864 борци им се доделени државни награди на Украина од 24 февруари. Оваа бројка 100% го покажува обемот на херојството на нашиот народ што стана одговор на целосната инвазија на Русија. Тој нагласи дека потпишалв нов указ за доделување на нашата војска, со кои се наградени 121 воин, од кои 32 постхумно.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ