• Latest

Мртви тела гнијат по улиците на Мариупол, неизвесност во Донбас, Украинската воена морнарица ги потисна Русите, уцената со блокада на храната останува

June 7, 2022

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

May 15, 2025
Фото: скриншот од видео на The Guardian

Израелските воздушни напади убија 40 лица во Газа, додека блокадата за помош продолжува

May 15, 2025

Каде е Путин?

May 15, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

СТРАВ ОД СООЧУВАЊЕ: Путин не е на листата на учесници во мировните преговори во Истанбул

May 15, 2025

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Мртви тела гнијат по улиците на Мариупол, неизвесност во Донбас, Украинската воена морнарица ги потисна Русите, уцената со блокада на храната останува

June 7, 2022 22:11
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 40.000 украински цивили се убиени или ранети откако Русија изврши целосна инвазија врз Украина. Околу три милиони луѓе во моментов живеат под руска окупација, соопшти владата на Украина.

Претставниците на Мариупол кои се на слободна територија, откако градот падна под окупација на Русија, предупредија дека градот се наоѓа во голем ризик од заразни болести. Канализационите системи не работат, а голем број мртви тела гнијат по улиците. Десетици илјади луѓе, кои останаа да живеат среде урнатините на градот, немаат пристап до чиста вода.

Додека Украина се бори да ги задржи одбранбените позиции во регионот на Донбас, соочени со непрекинато руско бомбардирање, воените планери сѐ повеќе се соочуваат со тешкото прашање, дали да се повлечат од градовите што се наоѓаат на линијата на фронтот за да ги зачуваат животите на војниците, дури и ако тоа значи уште побрутални борби за да ги ослободат потоа, објави Њујорк Тајмс.

Приближна ситуација на фронтовите во Украина, 7 јуни 2022 (извор: War Mapper)

Претседателот Володимир Зеленски, на средба со новинарите, ги опиша источните градови Сиевиеродонецк и Лисичанск како „мртви градови“, опустошени од руските напади и речиси испразнети. Ако украинските сили не се повлечат, ризикуваат да бидат опколени, како борците во Мариупол, каде што повеќе од 2.000 на крајот мораа да се предадат на руските сили.

Повлекувањето од Сиевиеродонецк, кој Русија го опколи од три страни, каде што се водат жестоки улични битки со денови, ќе ѝ даде на Москва контрола врз целиот регион Луганск, кој е дел од Донбас. Според Зеленски, повторното преземање на Сиевиеродонецк може да предизвика уште поголеми жртви.

Имиџот на украинскиот претседател Зеленски како воен лидер е делумно изграден врз основа на неговиот завет дека Украина ќе се бори да ја врати целата своја територија, вклучително и Донбас и Крим што ги зазедоа Русија и сепаратистите во 2014 година. Зеленски изјави дека, ако Русија успее во својата цел, да воспостави контрола врз целиот индустриски регион Донбас, тоа би претставувало егзистенцијален предизвик, давајќи ѝ на Русија територија од која може да изврши „постојани ракетни напади врз центарот на Украина“.

Но, Зеленски вети дека војската нема да дозволи тоа да се случи. Тој во своето редовно ноќно обраќање до нацијата изјави: „Украинскиот Донбас стои. Цврсто стои“.

Еден зрак на надеж за слабо вооружената украинска војска е пристигнувањето на моќни оружени системи од Западот, за кои Соединетите Држави и нивните сојузници се надеваат дека ќе помогнат да се намали, сега огромна, разликата меѓу руската огнена моќ и таа на украинската одбрана. Додека Украина се трка со времето, да ги обучи своите војници за пософистицираното ново оружје, новото оружје веќе покажува ефект во Црното Море.

Харпун ракета (Викимедиа Комонс)

Украинската воена морнарица ги потисна руските воени бродови 100 километри подалеку од украинскиот брег, објави StoryUA на 6 јуни. Овој успех на морскиот фронт се припишува на пристигнувањето на противбродските ракетни системи Харпун од Данска.

Но, Русите сè уште го контролираат морето, каде што воведоа блокада за да ја задушат украинската економија, спречувајќи ја Украина да извезува милиони тони жито потребни низ целиот свет.

Чарлс Мишел, претседател на Европскиот совет, изјави дека Русија ги користи окупираните подрачја за влијание врз снабдувањето со храна во светот како „стелт проектил против земјите во развој“.

Подготви: Дежурниот тим на ЦивилМедиа

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ