„Што и да планираат окупаторите за себе, ние мора да се подготвиме за следната зима – во нашата држава, на нашата земја, за сите граѓани.
Денес се разговараше за набавка на доволен обем на гас за грејната сезона, акумулација на јаглен, производство на струја.
Во сегашните услови поради агресијата на Русија, ова навистина ќе биде најтешката зима во сите години на независност. Но! Се ево ред. Мора да ја поминеме така за нашиот народ да ја почувствува нормалната работа на државата“; изјави украинискиот претседател Воломир Зеленски во своето редовно обраќање.
„Во овој момент, нема да го продаваме нашиот гас и јаглен во странство. Целото домашно производство ќе биде насочено кон внатрешните потреби на нашите граѓани. Во исто време, правиме се што можеме за да ги зголемиме нашите можности за извоз на електрична енергија. Ова е овозможено со капацитетите достапни во Украина. И по историскиот пристап на нашата земја во обединетата енергетска мрежа на Европа, ваквиот извоз ни овозможува не само да ја зголемиме нашата девизна заработка, туку и директно да влијаеме на стабилизирање на енергетската ситуација во соседните земји, што ја намалува руската потрошувачка на енергија“, истакна Зеленски.
Зеленски зборува и за дипломатските средби и комуникацијата со ЕУ, како и разговорите со земјите -членки на ЕУ, за добивање кандидатски статус. Зеленски додаде дека се работи на собирање средства за поддршка на армијата и за обнова на Украина по воените дејствија, а на териториите кои се веќе деокупирани се враќа струја, гас, водовод, комуникации.
„Ситуацијата на фронтот во Украина не е значително променета во изминатите 24 часа. Апсолутно херојската одбрана на Донбас продолжува. Најжешките точки се истите. Пред сè, Северодонецк, Лисичанск, Попасна“, додаде Зеленски.
„Повеќе од 31.000 руски војници веќе загинаа во Украина. Од 24 февруари Русија плаќа по речиси 300 животи на сопственит евојници дневно за апсолутно бесмислената војна против Украина. И сепак ќе дојде денот кога бројот на загуби, дури и за Русија, ќе ја надмине дозволената граница.
И уште една вест што може да се објави сега. Следната недела се планира да биде пуштена во употреба специјална „Книга на џелатите“ – информациски систем кој собира потврдени податоци за воени злосторства и злосторници од руската армија.
Повеќе пати нагласив дека сите ќе одговараат. И на ова се приближуваме чекор по чекор.
Создавањето на ваков информациски систем трае веќе некое време. Ова се конкретни факти за конкретни луѓе кои се виновни за конкретни насилни злосторства против Украинците. А таквата „Книга на џелатите“ е еден од темелите не само на одговорноста на директните извршители на воените злосторства – војниците на окупаторската армија, туку и нивните команданти. Тие што давале наредби. Оние кои овозможија се што тие направија во Украина. Во Буча, во Мариупол, во сите наши градови, во сите заедници до кои стигнаа“, изјави Зеленски.