• Latest

Зеленски: Следната недела ќе се пушти „Книга на џелатите“ – информациски систем со потврдени податоци за воени злосторства и злосторници од руската армија

June 8, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Следната недела ќе се пушти „Книга на џелатите“ – информациски систем со потврдени податоци за воени злосторства и злосторници од руската армија

June 8, 2022 11:44
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Што и да планираат окупаторите за себе, ние мора да се подготвиме за следната зима – во нашата држава, на нашата земја, за сите граѓани.

Денес се разговараше за набавка на доволен обем на гас за грејната сезона, акумулација на јаглен, производство на струја.

Во сегашните услови поради агресијата на Русија, ова навистина ќе биде најтешката зима во сите години на независност. Но! Се ево ред. Мора да ја поминеме така за нашиот народ да ја почувствува нормалната работа на државата“; изјави украинискиот претседател Воломир Зеленски во своето редовно обраќање.


„Во овој момент, нема да го продаваме нашиот гас и јаглен во странство. Целото домашно производство ќе биде насочено кон внатрешните потреби на нашите граѓани. Во исто време, правиме се што можеме за да ги зголемиме нашите можности за извоз на електрична енергија. Ова е овозможено со капацитетите достапни во Украина. И по историскиот пристап на нашата земја во обединетата енергетска мрежа на Европа, ваквиот извоз ни овозможува не само да ја зголемиме нашата девизна заработка, туку и директно да влијаеме на стабилизирање на енергетската ситуација во соседните земји, што ја намалува руската потрошувачка на енергија“, истакна Зеленски.

Зеленски зборува и за дипломатските средби и комуникацијата со ЕУ, како и разговорите со земјите -членки на ЕУ, за добивање кандидатски статус. Зеленски додаде дека се работи на собирање средства за поддршка на армијата и за обнова на Украина по воените дејствија, а на териториите кои се веќе деокупирани се враќа струја, гас, водовод, комуникации.

„Ситуацијата на фронтот во Украина не е значително променета во изминатите 24 часа. Апсолутно херојската одбрана на Донбас продолжува. Најжешките точки се истите. Пред сè, Северодонецк, Лисичанск, Попасна“, додаде Зеленски.

„Повеќе од 31.000 руски војници веќе загинаа во Украина. Од 24 февруари Русија плаќа по речиси 300 животи на сопственит евојници дневно за апсолутно бесмислената војна против Украина. И сепак ќе дојде денот кога бројот на загуби, дури и за Русија, ќе ја надмине дозволената граница.

И уште една вест што може да се објави сега. Следната недела се планира да биде пуштена во употреба специјална „Книга на џелатите“ – информациски систем кој собира потврдени податоци за воени злосторства и злосторници од руската армија.

Повеќе пати нагласив дека сите ќе одговараат. И на ова се приближуваме чекор по чекор.

Создавањето на ваков информациски систем трае веќе некое време. Ова се конкретни факти за конкретни луѓе кои се виновни за конкретни насилни злосторства против Украинците. А таквата „Книга на џелатите“ е еден од темелите не само на одговорноста на директните извршители на воените злосторства – војниците на окупаторската армија, туку и нивните команданти. Тие што давале наредби. Оние кои овозможија се што тие направија во Украина. Во Буча, во Мариупол, во сите наши градови, во сите заедници до кои стигнаа“, изјави Зеленски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ