• Latest

ОН предупредува: Негативните ефекти за светот од руската инвазија врз Украина се влошуваат и погодуваат 1,6 милијарди луѓе

June 8, 2022
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ОН предупредува: Негативните ефекти за светот од руската инвазија врз Украина се влошуваат и погодуваат 1,6 милијарди луѓе

June 8, 2022 21:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Негативните ефекти од руската инвазија на Украина ширум светот се влошуваат, погодувајќи 1,6 милијарди луѓе. Тоа денеска го изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, презентирајќи го вториот извештај на ОН за последиците и одговорот на руската инвазија врз Украина.

„Влијанието на војната врз безбедноста на храната, енергијата и финансиите е систематско и сериозно и се забрзува…За светското население, војната се заканува да предизвика невиден бран на глад и беда, предизвикувајќи  и социјален и и економскиот хаос“, додаде Гутереш.

Според него, следната година може да се појави прашањето за недостиг од храна.

„Има само еден начин да се запре оваа бура што се подготвува. Руската инвазија на Украина мора да престане“, рече Гутереш, мислејќи на тековните преговори за глобален договор што ќе овозможи сигурен извоз на храна произведена во Украина преку Црното Море и непречен пристап до светските пазари за руска храна и ѓубрива.

„Овој договор е од суштинско значење за стотици милиони луѓе во земјите во развој, вклучително и субсахарска Африка“, рече Гутереш, одбивајќи да навлегува во повеќе детали за разговорите предводени од ОН, кои се во тек веќе неколку недели.

Според вториот извештај на ОН, 94 земји, со околу 1,6 милијарди луѓе, се сериозно изложени на барем една димензија на кризата – финансиска, прехранбена или енергетска – и не можат да се справат.

„Од тие 1,6 милијарди, 1,2 милијарди или три четвртини живеат во земји кои се сериозно изложени и ранливи на сите три димензии на кризата“, се вели во документот. „Во иднина, ниту една земја или заедница нема да биде поштедена од оваа криза на трошоците за живот“, се додава во извештајот.

Се вели дека војната би можела да го зголеми бројот на луѓе во несигурност за храна од 47 милиони во 2022 година на 323 милиони до крајот на годината.

„Дополнителни 58 милиони Африканци би можеле да паднат во сиромаштија оваа година“, се вели во документот, додавајќи дека екстремната сиромаштија на Блискиот Исток и Северна Африка може да влијае на уште 2,8 милиони во 2022 година. Во Јужна Азија, 500 милиони се сериозно изложени на храна и финансиската димензија на кризата, ситуација влошена од силните топлотни бранови кои ги погодија земјоделските култури во областа, се вели во текстот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ