• Latest

Зеленски: Во украинското општество може да бидат само оние кои ја бранат независноста и оние кои работат на обезбедување на оваа одбрана

June 10, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Во украинското општество може да бидат само оние кои ја бранат независноста и оние кои работат на обезбедување на оваа одбрана

June 10, 2022 09:58
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Украина денес има многу дискусии за тоа каква треба да биде економската политика на државата и за време на војната и кога ќе го вратиме мирот. Сакам да нагласам еден детал. И овој детал е фундаментален.
Мора да се навикнеме на фактот дека може да има само два дела од општеството – оние кои ја бранат нашата независност и оние кои работат на начин да ја обезбедат таа одбрана. И ова не е прашање на една или друга економска доктрина, не е прашање на една или друга политичка позиција. Едноставно не можеме да си дозволиме да го оставиме делот од сенка на економскиот живот во земјава.
Ако зборуваме за нормален, стабилен и силен живот на општеството, за работата на државата, за нашата одбрана, мора да разбереме: има такви што служат, има и такви што обезбедуваат со својата работа оние што служат.
Значи, ова е официјално вработување. Ова е плаќање на даноци. Ова е максимално проширување на економските можности кај нас по законски основи. И ова е целосна модернизација на државните институции, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Зеленски информираше за својот разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон, каде зборувале првенствено за поддршка од одбраната. Се разбира, ова е клучна тема. Исто така, го информирал Емануел за ситуацијата на фронтот, за можниот развој на конфронтација во наредните денови и недели, за намерите на руските окупатори и за нашиот отпор, и, се разбира, детално разговарале за европската перспектива на Украина. Се подготвуваме за одговор на нашата апликација за кандидатура.

Тој додаде дека биле  допрени и прашањата за безбедносните гаранции за Украина и за цела Европа, и се заблагодари што разговарале на оваа тема со претседателот на Франција. Ние ја продолжуваме нашата работа.

Соопшти и дека  разговарал со премиерот на Црна Гора за патот на нашите земји кон Европската унија, всушност, размениле искуство.

Зеленски нагласи дека секојдневно продолжува со многу активна работа во сите земји на Европската унија, така што ситуацијата во однос на кандидатурата за нашата земја е подеднакво согледана и таму – на запад, на исток, на север и на југ од Европска унија.

Повеќето Европејци ја поддржуваат интеграцијата на Украина. И ако Европејците го поддржат, политичарите кои се уште се скептични во некои земји не треба да се спротивставуваат на луѓето, општеството и самиот тек на европската историја, рече Зеленски.

Претседателот соопшт дека им се обратил на учесниците на министерскиот состанок на Организацијата за економска соработка и развој, една од највлијателните меѓународни организации во светот.

Тие ги прекинаа врските со Русија. Но, потребни се и суштински одлуки – потребен ни е конкретен притисок врз Русија за она што го прави, вклучително и кризата што ја предизвика на светскиот пазар на храна, дополни Зеленски.

Зеленски дополни дека одржал многу важен состанок со владини претставници. Економија, бизнис, работни места. Разговарале за акции на три нивоа – што треба да се направи во моментов, што можеме да направиме во блиска иднина, без разлика колку е тешко, и што дефинитивно ќе направиме по војната.

-Првата е програма за специјални грантови за поддршка на малите и средни бизниси. Што веќе може да обезбеди нови работни места и нова даночна основа.

-Вториот е развојот на нашиот безбедносен сектор во сите негови аспекти. И сега и во иднина. Прашање е и за работни места, прашање на професионализам и технологии. Безбедносниот сектор во Украина мора да стане сосема поинаков од она што беше сите овие 30 години. Од државната граница до секоја улица, до секое училиште, до секој инфраструктурен објект – безбедноста мора да биде 100% обезбедена.

-И третиот аспект е индустриско закрепнување и привлекување инвестиции во државата. Локализација, индустриски паркови, поддршка на државниот поредок, привлекување модерни технологии во Украина. Се подготвуваат соодветни државни програми.

Во Украина денес има многу дискусии за тоа каква треба да биде економската политика на државата и за време на војната и кога ќе го вратиме мирот. Сакам да нагласам еден детал. И овој детал е фундаментален. Мора да се навикнеме на фактот дека може да има само два дела од општеството – оние кои ја бранат нашата независност и оние кои работат на начин да ја обезбедат таа одбрана. И ова не е прашање на една или друга економска доктрина, не е прашање на една или друга политичка позиција. Едноставно не можеме да си дозволиме да го оставиме делот од сенка на економскиот живот во земјава, нагласи Зеленски.

Тој истакна дека разбира дека во некои од нашите региони сега, секоја економска активност – официјална или неофицијална – е прашање на само опстанок. Но, ако се зборува за нормален, стабилен и силен живот на општеството, за работата на државата, за нашата одбрана, мора да разбереме: има такви што служат, има и такви што обезбедуваат со својата работа оние што служат.

Значи, ова е официјално вработување. Ова е плаќање на даноци. Ова е максимално проширување на економските можности кај нас по законски основи. И ова е целосна модернизација на државните институции, рече Зеленски. Секој кој работи во украинската политика, кој влијае на јавната дебата, треба да сфатат дека повеќе нема да има сенка во земјата.

Претседателот изрази благодарност на комуникациски работници, кои денеска го продолжија телевизиското емитување во Харков по утринското гранатирање буквално за еден ден. Удари по ТВ центри, уништување канали за комуникација, оставање на луѓето во изолација – ова се тактиките на окупаторите без кои тие навистина не можат. Затоа што отвореноста и чесноста се и оружје против се што носи руската држава.

Зеленски посочи дека ситуацијата на фронтот денес е без значителни промени. Северодонецк, Лисичанск и другите градови во Донбас, кои окупаторите сега ги сметаат за клучни цели, се држат. Има одредена позитива во регионот Запорожје, каде што успеваме да ги попречиме плановите на окупаторите. Постепено одиме напред во регионот Харков, ослободувајќи ја нашата земја. Ја одржуваме одбраната во насока на Миколаев.

Претседателот им се заблагодари на сите бранители кои го овозможија ова, благодарение на што веќе издржавме 106 дена целосна војна.

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ