• Latest

Зеленски: Веќе има 2606 потврдни одговори на прашањето дали на Украина и се потребни модерни системи за ракетна одбрана

June 13, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Веќе има 2606 потврдни одговори на прашањето дали на Украина и се потребни модерни системи за ракетна одбрана

June 13, 2022 08:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Клучната тактичка цел на напаѓачите не е променета – тие притискаат во Северодонецк, има многу брутални битки буквално на секој метар, а исто така притисkaat во правец на Лисичанск, Бахмут, Славјанск. Руската армија се обидува да донесе резервни сили во Донбас. Но, какви резерви можат да имаат сега? Се чини дека ќе се обидат да ги фрлат во битка слабо обучените регрути и оние што ги повикаа со скриена мобилизација. А тоа значи само едно: Русија уште во јуни може да ја помине границата со 40 илјади изгубени војници. Ниту една друга војна во многу децении не изгубиле толку многу, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

По ракетниот напад во областа Тернопил, десет лица се уште се во болници. Немаше никаква тактичка или стратешка смисла во овој удар, како во огромното мнозинство на други руски напади. Ова е терор, само ужас, рече Зеленски.

Тој потврди дека меѓу жртвите е и 12-годишно девојче од Харков. Таа отишла во областа Тернопил за да избега од руската војска. А таквите факти сега ќе ја одредат перцепцијата на Русија во светот. Не Петар I или Лев Толстој, туку деца ранети и убиени од руските напади.

Зеленски посочи дека е 109-от ден од целосна војна, но не е 109-ти ден кога на нашите партнери им кажуваме едноставна работа: на Украина и требаат модерни системи за противракетна одбрана.

Снабдувањето со вакви системи беше можно годинава, лани, па и порано. Дали ги добивме? Не. Дали ни се потребни? Да. На ова прашање веќе има 2606 потврдни одговори во форма на разни руски крстосувачки ракети кои ги погодија украинските градови. Нашите градови, нашите села за периодот од 24 февруари. Тоа се животи кои можеа да се спасат, тоа се трагедии кои можеа да се спречат доколку се слушаше Украина, нагласи Зеленски.

Според него, клучната тактичка цел на окупаторите не е променета. Тие притискаат во Северодоњецк, каде што се водат многу жестоки борби – буквално за секој метар. И тие исто така притискаат во насока на Лисичанск, Бахмут, Славјанск и така натаму.

Руската армија се обидува да распореди резервни сили во Донбас. Но, какви резерви можат да имаат сега? Се чини дека ќе се обидат да ги фрлат во битка слабо обучените регрути и оние што беа собрани со прикриена мобилизација. Руските генерали го гледаат својот народ едноставно како топовско месо што им е потребно за да добијат предност во бројка – во работна сила, во воена опрема. И ова значи само едно: Русија може да ја премине линијата од 40.000 изгубени војници веќе во јуни. Во ниедна друга војна во многу децении не изгубиле толку многу, посочи Зеленски.

Тој соопшти дека подготвил обраќање до Американскиот еврејски комитет. Во Њујорк денеска почна глобален форум организиран од комитетот, една од највлијателните структури што помага да се промовираат одлуките за наша заштита. Ги  повикал да ги удвојат напорите за  Украина да добие помодерно оружје, поголема финансиска поддршка, за да можеме побрзо да ја заврши оваа војна.

Зеленски информира дека оваа недела ќе продолжи да се обраќа пред парламентите на земјите партнери, особено пред парламентот на Чешката Република. Предвидени се и многу разговори на различни нивоа со европски политичари.

Истовремено, секојдневно се работи со Европската Унија на кандидатскиот статус за Украина, а државата направи се за позитивен одговор. Единственото прашање е одлучноста на некои европски лидери.

Зеленски нагласи и дека  продолжува да работи за да се олесни пристапот на украинските стоки до сите важни пазари ширум светот. Царините за трговија со Европската унија веќе се укинати. САД веќе применуваат бесцарински режим за украинскиот челик. Канада ги укина царините. Истиот режим ќе функционира во блиска иднина и со Британија., и се очекува трговска либерализација од Австралија.

Денеска почна Министерската конференција на Светската трговска организација. Пред да започне, претставници на 57 земји се собраа на посебен настан на солидарност со Украина.

И јас сум им благодарен – на секој и на сите – за тоа. И како резултат на оваа меѓувладина конференција, ќе го дознаеме, особено, времето на одлуката за либерализација на трговијата за Украина од Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд, рече Зеленски. Така неделата ќе биде значајна. И верувам дека ќе има добри вести за Украина.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ