• Latest

Младите подобро ја разбираат мултикултурата, неселективна одговорност за сите во „Идризово“, речиси две третини од децата во Украина се расселени

June 15, 2022

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Младите подобро ја разбираат мултикултурата, неселективна одговорност за сите во „Идризово“, речиси две третини од децата во Украина се расселени

June 15, 2022 16:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мултикултурализмот и соработката меѓу различни етникуми е суштината на нашата држава и суштината на опстанокот на Северна Македонија

„Македонија е мултикултурна држава. Има доста предизвици за кои треба да се разговара. Не само за предизвиците, туку кои се тие и кои се решенијата за таквите предизвици и проблеми. За разлика од минатото можам да кажам дека постои доза на подобрување во сферата на мултикултурализмот. Младите некако повеќе ја сфаќаат важноста за тоа колку е важно да имаме меѓусебна толеранција, туку и да ги знаеме вредностите на другата заедница“, изјави Селва Мустафи, од „Романо Авази“/ АВАЈА, на панелот на ЦИВИЛ на тема „Младите за мултикултурализмот и (не) дискриминацијата“, на кој се зборуваше за младите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво.

Според Дино Блажески од УМС на ВМРО-НП, во моментот нема идеален поглед кон мултикултурата иако младите знаат што претставува мултикултурализмот во државата.

„Градењето на довербата меѓу етничките заедници во Македонија е едне подолг процес, особено ако знаеме дека пред 20 години имаше конфликт кој и дотогашната кревка меѓуетничка солидарност ја скрши и сè уште треба да помине уште време сето тоа се излечи и да се доведе до некој степен на нормални односи меѓу етничките заедници“, смета Блажески.

Блажески смета дека политички партии имаат претстава во која насока се движи мултикултурализмот во државата. Како што вели политичките партии се приспособени на оваа ново време, иако од партија до партија идеолошки се разликуваат погледите кон мултикултурализмот.

Сотир Габелоски, советник во Општина Крушево истакна дека мултикултурализмот и соработката меѓу различни етникуми е суштината на нашата држава и суштината на опстанокот на Македонија и ние мора тоа да го негуваме.

Би требало ние како млади да го водиме тој процес, но мислам дека има уште многу засегнати фактори коишто мора да се вклучат за да го зајакнуваме овој дел од нашето живеење и целосно да ги видиме бенефитите од меѓусебната соработка, разбирање и секојдневна комуникација“, изјави Габелоски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Стара вистина е дека пред да обвинуваш некого, прво треба да се погледнеш во „огледало“. Да имаше малку самокритичност и објективност кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе се воздржеа од вакви неосновани напади врз мене и од креирање вакви сценарија. Затоа што фактите говорат дека и Етичкиот кодекс и законските измени со кои се овозможи независноста на собраниската администрација  се донесени во мојот мандат, дека најновиот извештај на ДЗР за работата на Собранието е чист како солза, а дека прекршувањата на Уставот и на Деловникот беа пракса во едни минати времиња“, пишува Талат Џафери во одговорот до Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и албанскиот премиер Еди Рама денес ги посетија Ирпин и Бородјанка надвор од Киев за време на нивното патување во Украина, пренесува Укринформ.

*

Украина треба да има повеќе тешко оружје од земјите на НАТО за да се спротивстави на руската инвазија, а за ова прашање ќе се разговара во седиштето на НАТО на Контакт групата за поддршка на Украина, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по состанокот на лидерите на седум сојузници на НАТО на 14 јуни, денеска, 15 јуни, пренесува Укринформ.

*

Кинескиот претседател Си Џинпинг за време на денешниот телефонски разговор му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека сите страни треба да работат на решавање на кризата во Украина „на одговорен начин“, јави кинеската државна телевизија ЦТВ, пренесува МИА.

*

Зеленски потпишал уште еден декрет за награди на оние кои се истакнаа во битките. Наградени се 63 војници за храброст и ефикасност во одбраната на државата, со ова вкупниот број на наградени е веќе 18.453. И таквите размери, толкав број подвизи целосно го демонстрираат нивото на конфронтација и бруталноста на непријателствата.

*

„А кој рече дека за две години Украина воопшто ќе постои на мапата на светот? Иако на Американците веќе не им е гајле, тие толку вложија во антируски проект, што сè друго за нив е ситница“, напиша заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, на Телеграм.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово“ каде биле претресувани 25 ќелии и се пронајдени мобилни, ножеви и дрога, соопшти денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, пренесува МИА.

ДОГОВОР Штрајкот во Управата за водење на матични книги е ставен во мирување до 20 јули откако денеска е потпишан Колективен договор со Министерството за правда со кој се унапредува положбата на вработените. Од утре сите одделенија на Управата ќе работат и ќе бидат отворени за граѓаните. Со потпишаниот колективен договор се решаваат прашањата за К-15, надомест за работа во сабота, јубилејни награди и систематизацијата работните места.

ИНТЕГРАЦИИ Маричиќ-Радман: Ќе биде штета ЕУ да не ја искористи оваа историска шанса за почеток на преговорите

Во очекување сме да видиме како ќе ги продолжиме разговорите со Бугарија. Времето е кратко, очите на 18 милиони луѓе од Западен Балкан се свртени кон Софија каква одлука ќе преземе. Ова не е веќе прашање дали Северна Македонија ќе ги продолжи преговорите, ова е прашање дали Западен Балкан има воопшто европска перспектива, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот хрватски колега Горан Грлиќ Радман.

УНИЦЕФ Речиси две третини од децата во Украина се расселени – без разлика дали се раселени во земјата или оние кои избегале преку границите како бегалци.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Ерол Шакири – политиколог, новинар, репортер, телевизиски водител, колумнист. Тој заборува за себе, за новинарството, лажните вести, пропагандите, партиите, општеството, перспективите…

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

Секој народ има нешто како колективна култура на однесување. Од што произлегува таквото поведение? Од начинот на размислување што се формирал со децении и векови или само инстинкт на преживување. Јас само раскажувам секојдневни приказни за моите сограѓани живеејќи со нив.

-Следејќи ги медиумите човек може да се шекне- ми вели комшијата што секој ден вежба математика пресметувајќи го растот на цените и растргајќи го семејниот буџет до крајни граници, пишува Војо Маневски во колумната „Наш начин“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ