• Latest

Зеленски: Беше важно да се слушне од лидерите на ЕУ дека крајот на војната и мирот за Украина мора да бидат токму онакви какви што гледаат нашите луѓе

June 17, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Беше важно да се слушне од лидерите на ЕУ дека крајот на војната и мирот за Украина мора да бидат токму онакви какви што гледаат нашите луѓе

June 17, 2022 10:38
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е навистина историски ден – Украина ја почувствува поддршката на четири моќни европски држави одеднаш. И особено поддршка за нашето движење кон Европската Унија. Сите лидери разбираат зошто преговорите за завршување на војната не се во тек. Исклучиво поради позицијата на Русија, која само се обидува да ги заплаши сите во Европа и да продолжи со уништување на нашата држава. Тие не сакаат да бараат начин за мир. Ќе продолжиме да се бориме се додека на нашата држава не и гарантираме целосна безбедност и територијален интегритет, рече украинскиот претседател Володимир Зеленси во видео обраќањето во четвртокот навечер.

Денеска е навистина историски ден – Украина ја почувствува поддршката на четири моќни европски држави одеднаш. И особено поддршка за нашето движење кон Европската Унија. Со нас се Италија, Романија, Франција и Германија. Сите четворица лидери – г. Драги, г. Јоханис, г. Макрон и г. Шолц – ја поддржаа кандидатурата на Украина, изјави Зеленски.

Тој посочи дека мора да се следат сите релевантни процедури и да се приклучат сите земји-членки на ЕУ. Но, на денешната средба беше направен голем чекор – чекор напред. За него беше важно да слушне од лидерите уште една фундаментална работа – тие се согласуваат дека крајот на војната и мирот за Украина мора да бидат токму како што ги гледа Украина, како што ги гледа украинскиот народ.

Изрази благодархост на Италија за нејзината принципиелна политичка поддршка, макрофинансиската и одбранбената помош. Историски сега имаме најдобри односи – и изрази уверение дека може да се направи многу повеќе за нашите нации.

Исто така, се заблагодари на Романија за одбранбената помош и помошта при транзитот на нашата стока, вклучително и житото. Се договориле да го зголемат извозниот капацитет преку територијата на Романија.

Претседателот информираше дека Франција ќе обезбеди дополнителни артилериски системи Цезар, што е многу важно за украинската одбрана. Исто така, претседателот Макрон отворено рече дека европската поддршка за Украина треба навистина да покаже дека ги браниме истите вредности, заедно ја браниме Европа. И Германија го потврди обезбедувањето системи за противвоздушна одбрана за нашата земја и дополнителна поддршка.

Инаку, кога денеска пристигнаа четворица лидери во Киев, тоа се совпадна со почетокот на сирената за воздушен напад. Русија создаде позадина за сите да ги слушнат овие сирени за да создаде тензична атмосфера. Но, никој не се исплаши, и тоа само не инспирираше да бидеме што е можно поконкретни и да преговараме за нашите интереси – за сите Украинци и за сите во Европа, изјави Зеленски.

Зеленски лично му се заблагодарил на канцеларот Шолц за поканата на состанокот на Г7. Генерално, впечаток од средбата е позитивен. Сите лидери разбираат зошто преговорите за завршување на војната не се во тек. Исклучиво поради позицијата на Русија, која само се обидува да ги заплаши сите во Европа и да продолжи со уништување на Украина. Тие не сакаат да бараат начин за мир. Ова е агресор кој мора сам да одлучи дека војната мора да заврши.

Ќе продолжиме да се бориме се додека на нашата држава не и гарантираме целосна безбедност и територијален интегритет, дециден е Зеленски.

Зеленски соопшти дека се водат разговори  за подготовка на нов пакет санкции против Русија, за надминување на кризата со храна предизвикана од Русија.  Обновувањето на извозот на украинските земјоделски производи е од витално значење за десетици земји, и има само една причина зошто кризата со храна воопшто стана можна: Русија е виновна и никој друг. Сите лидери веќе го препознаваат ова.

Тој посочи дека зборувале за обновата на Украина по војната, и има многу конкретни ставови на партнерите за ова.

Зеленски смета дека не случајно состојбата со гасот во Европа денеска се влоши – цената повторно скокна. Русија го направи тоа намерно, ограничувајќи ги испораките за да и наштети на Европа, за да удри по Европејците.

„Газпром“ едноставно го влече гасниот синџир во кој долго време се обидуваат да ја оковаат Европа. И ова е уште еден аргумент во прилог на фактот дека Европа сега мора да премине на живот без руски гас. Не треба да има таква зависност, констатира Зеленски.

Украинскиот претседател најави за утре и задутре многу новости за Украина, за кои верува дека ќе бидат позитивни.Тој уште еднаш нагласи дека сето тоа е можно пред сè благодарение на нашите херои, благодарение на секој и секој што не штити од руските трупи.

Денес, украинската армија се бори во услови на значителна квантитативна предност на непријателот – во технологијата, во артилериските системи. Борбата во такви услови е секојдневен подвиг. Правиме се за да им дадеме на нашите херои модерно и моќно оружје. И јас сум горд на сите оние кои веќе 113 дена од севкупната војна го одбиваат окупаторот и сите напади, рече Зеленски.

На крајот од обраќањето се заблагодари на храброста на украинските мажи и жени, Европа може да ја создаде оваа нова историја на слобода и конечно да ја отстрани „сивата“ зона меѓу ЕУ и Русија во Источна Европа. Украина е најблиску до Европската унија од независноста.

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ