САД планираат да објават уште оваа недела дека купиле напреден ракетен одбранбен систем земја-воздух со среден до долг дострел за Украина, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со соопштението, пренесува Укринформ.
Американскиот претседател Џо Бајден неодамна најави дека САД ќе и дадат на Украина „понапредни ракетни системи и муниција“.
Како одговор на барањата на украинските сили, оваа недела најверојатно ќе биде објавена и друга воена помош, вклучувајќи дополнителна артилериска муниција и анти-батериски радари . Украинските власти побараа систем за противракетна одбрана, познат како систем НАСАМС, со оглед на тоа што оружјето може да погоди цели оддалечени повеќе од 160 километри, иако украинските сили најверојатно ќе треба да бидат обучени за системите, изјави изворот.
САД постојано најавуваат дополнителна безбедносна помош за Украина. Минатата недела, администрацијата на Бајден објави дополнителна воена помош од 450 милиони долари за Украина, што и дава уште четири повеќекратни ракетни системи за лансирање и артилериска муниција за други системи.
Подготви: Д.Мишев