• Latest

Зеленски: Русија стана најголемата терористичка организација во светот и тоа мора да биде правен факт

June 28, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Русија стана најголемата терористичка организација во светот и тоа мора да биде правен факт

June 28, 2022 10:30
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И ова мора да биде правен факт. И секој во светот мора да знае дека купувањето или транспортирањето на руска нафта, одржувањето контакти со руските банки, плаќањето даноци и царини на руската држава значи давање пари на терористите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синиќешно обраќање.

Ова обраќање без поздрав, кажа Зеленски на почетокот на своето обраќање. Денешниот руски напад во трговскиот центар во Кременчук е еден од најпркосните терористички напади во европската историја. Мирен град, обичен трговски центар со жени, деца, обични цивили внатре… Пред воздушен аларм имаше околу илјада луѓе. За среќа, колку што знаеме во овој момент, многу луѓе успеале да излезат на време. Навреме беа извадени. Но, внатре сè уште имаше луѓе: персонал, некои посетители…

Според Зеленски, само тотално луди терористи, за кои не треба да има место на земјата, можат да нападнат со проектили на таков објект. И ова не е ракетен напад надвор од целта, ова е пресметан руски удар – токму во овој трговски центар.

Зеленски потенцира дека засега не е можно да се утврди бројот на жртвите. Пожар избувна на површина од повеќе од 10 илјади метри квадратни, акцијата за спасување продолжува, но мора да се биде свесен дека загубите може да бидат значителни. Засега познати се 12 загинати и 24 ранети, се утврдува бројката на луѓе под урнатините.

Тој нагласи дека на сите ранети ќе им се пружи сета потребна помош – киевските лекари веќе заминаа за Кременчук. Министерот за внатрешни работи е веќе таму, ќе ги координира сите потребни дејствија.

Зеленски исрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во овој страшен терористички напад.

И ги замолувам сите – секогаш кога ќе ја слушнете сирената за воздушен аларм, одете во засолништето. Задолжително. Не го игнорирајте. Русија нема да застане на ништо, апелираше Зеленски.

Зеленски соопшти дека утрото апелирал до САД да ја признаат Русија како држава која го спонзорира тероризмот. Соодветната резолуција ја одобрува Комитетот на Сенатот на САД, а правната одлука може да ја усвои и Стејт департментот. А таквата одлука е јасно потребна и мора да биде поддржана од целиот демократски свет. Ова им го кажав на учесниците на Самитот на Г7, кој се одржа во Германија.

Од денес, Русија употреби речиси 2.800 различни крстаречки ракети против Украина. Едноставно не може да се изброи бројот на воздушни бомби и ракети MLRS кои ги погодија нашите градови. Ги имаше стотици илјади во четирите месеци од војната. Ова не е ништо друго освен ужас, посочува Заеленски.

Тој информира за уште едно брутално гранатирање на Харков, северна Салтивка. Во моментов се знае за 5 загинати и повеќе од 30 ранети, од кои 5 се деца. Сите се цивили, без војска.

Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И ова мора да биде правен факт. И секој во светот мора да знае дека купувањето или транспортирањето на руска нафта, одржувањето контакти со руските банки, плаќањето даноци и царини на руската држава значи давање пари на терористите, констатира Зеленски.

Зеленски во обраќањето до лидерите на Г7, рече дека заедничкиот потенцијал е апсолутно доволен да ја победиме руската армија – таа не знае да се бори. Сите операции што се спроведуваат за деокупирање на нашите територии покажуваат едно: окупаторите се распаѓаат кога имаме што да им притиснеме. Тие не знаат како да се спротивстават. Тие се способни само за такви гнасни удари како оние во Кременчук или Салтивка денес, само за целосно непромислено уништување на сите живи суштества како во Мариупол. Затоа, војната можеби нема да се одолговлекува, ако навистина можеме да ги притиснеме заедно и да ги истераме окупаторите од украинската земја. Колку побрзо тоа се случи, толку повеќе животи ќе бидат спасени.

Зеленски потсети дека уште пред почетокот на војната од целосен обем, им кажале на партнерите дека ни е потребна модерна ракетна одбрана, ова го повторуваат и по 24 февруари. Луѓето во трговскиот центар Кременчук заслужуваа безбедност исто како и луѓето во кој било трговски центар во светот – некаде во Филаделфија или Тел Авив или во шопинг галерија некаде во Дрезден. Светот може, и затоа мора да го запре рускиот терор.

И сега веќе можам да го кажам ова – го слушнав тоа од нашите партнери: Украина мора да добие сигурна ракетна одбрана, очекуваме снабдување со соодветни системи, рече Зеленски.

Тој соопшти уште еден важен резултат на „седумката“, кој вреди да се спомене токму сега. Веќе официјално договорено:

Најмоќните демократии во светот ќе ја поддржуваат нашата држава се додека е потребно за нашата победа, потврди Зеленски. Украина нема да биде скршена! Никогаш. Слава на Украина!

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ