• Latest

Зелен поимник: Генетски модифицирана храна

June 28, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1 дел): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Генетски модифицирана храна

June 28, 2022 12:21
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Човештвото се соочува со до сега невидени предизвици, како што се природните  и  еколошки катастрофи, доминација на политички, но и воени конфликти.

Но, исто така непобитен факт е дека хуманата популација на нашата планета е во постојан и забрзан пораст. Истовремено, како последица на сѐ поголемото злоупотребување и деградирање на животната средина, доаѓа до радикално менување на климатските услови, земјоделските обработливи  површини  стануваат се поограничени, а со тоа и можностите за производство на храна стануваат сѐ помали.

Имајќи ги предвид предизвиците со кои сѐ повеќе се соочуваат современите општества поради овие последици, логично се поставува прашањето, на кој начин може да се нахрани толкава популација, кога условите и околностите за производство на храна не се подобруваат?

За решавање на овој навистина деликатен проблем, на можеби најзначајниот сегмент за опстанокот на човечкиот род, како и на нашата планета, почнува да се наметнува нужноста од барање на алтернативни методи за произвоство на храна.

Благодарение на бројните научни достигнувања во областа на генетиката, посебно во сегментот на биоинженерингот, се јавува идејата за  производство на генетски модифицирани организми (ГМО), при што, за  да им се подобри квалитетот и отпорноста, им се менува нивната генетска структура.

Со ГМО се означува секој организам, чиј генетски материјал е променет на неприроден начин, со помош на техниките на генетскиот инженеринг, познати како: модерна биотехнологија, генска технологија или технологија за рекомбинирана ДНК.

На тој начин се создаваат генетски модифицирани растенија, кои се одгледуваат како земјоделски култури, а служат за производство на генетски модифицирана храна.

Денес сѐ повеќе се настојува да се подобри квалитетот на прехрамбените производи со зголемување на нивната прехрамбена, односно нутритивна вредност.

Познато е дека уште во минатото, во процесот на култивирање на земјоделските и градинарски растенија, се користел методот на селекција (со избирање на определени видови на растенија) со цел да се испита кој вид на растение најдобро успева во определени климатски услови, како им одолева на ендемските штетници и колкави приноси дава. Слични селекции биле правени и врз домашните животни.

Методот на генетско модифицирање на храната може да се толкува од позитивен и негативен аспект.

Од позитивен аспект, производството на генетски модифицираната храна има подобро влијание врз животната средина отколку конвенционалното. Со него се намалува потребата од искористување на големи површини на почва (со што се зачувуваат шумите и другите зелени површини), се намалува употребата на пестициди и хербициди, потребно е помалку вода, се остваруваат повисоки приноси, финансиски е поисплатливо за земјоделците, резултира со намалување на емисиите на стакленички гасови итн.

Постои широк научен консензус дека од храната на пазарот, добиена од генетски модифицираните растенија, не постои  поголем ризик за здравјето на луѓето отколку од конвенционалните производи.

Сепак, постои и отпор кон генетски модифицираната храна, особено кај општата популација. Причините за тоа ги вклучуваат проблемите со биосигурноста, еколошките и економските прашања.

За потенцијални опасности од произвдството и употребата на генетски модифицираната храна се сметаат: појавата на алергии, канцерогени тумори и резистентност кон определени медикаменти кај луѓето, намалувањето на биодиверзитетот, пренос на генот од растенијата во луѓето, штетното влијание врз животната средина итн.

Стравот и отпорот кон генетски модифицираната храна е резултат на недостатокот на релевантни информации за темата.За разрешување на овие проблеми  потребно е информирање и едукација на  пошироката јавност, од квалитетни и релевантни  научни извори.

подготви: Наташа Малинка Миновска


Линкови:

https://sh.wikipedia.org/wiki/Genetski_modifikovana_hrana

https://ishrana-buducnosti.com/aktuelno-post/

https://www.slobodnaevropa.org/a/825607.html

https://www.medias.rs/genetski-modifikovana-hrana

https://fpn.unsa.ba/b/wp-content/uploads/2021/07/GENETICKI-MODIFICIRANA-HRANA-RJESENJE-ILI-OPASNOST-Merima-Majstoric.pdf

https://www.bib.irb.hr/1102745

https://www.iph.mk/15171/

https://krenizdravo.dnevnik.hr/prehrana/sto-je-gmo-hrana-ucinci-na-zdravlje

https://repozitorij.pmfst.unist.hr/islandora/object/pmfst%3A1087/datastream/PDF/view

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ