• Latest

Македонија минус ЕУ – останува ли нешто?

June 30, 2022
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонија минус ЕУ – останува ли нешто?

Ако како општество одлучиме дека не го сакаме патот кој води преку ЕУ, имаме ли капацитет да стигнеме таму каде што сме тргнале и по друг пат?

June 30, 2022 07:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТАР АРСОВСКИ / DW

Се плашам дека ако од македонската перспектива се одземе ЕУ, тоа што ќе ни остане ќе биде едно големо ништо. Имам впечаток, притоа, дека тоа сознание како да не влегува во моменталната еуфорична дебата. Од двете страни на аргументите, за и против, недостасуваат суштински елементи, кои го прават дискурсот искривен и нецелосен. На крајот, ако како општество одлучиме дека не го сакаме патот кој води преку ЕУ, имаме ли капацитет да стигнеме таму каде што сме тргнале и по друг пат?

Македонија останува длабоко поделено општество – политички, идеолошки, етнички, религиски, па ако сакате, и вредносно. Таа поделеност успешно нѐ блокираше во напредокот последните две децении, од двете страни на политичкиот спектар. Досега, единствен „лепак“ за тие поделби, едното врзивно ткиво, беше евроинтеграцијата, како симбол, како засега единствен механизам за обезбедување подобар живот на дел од сегашните и идните генерации и веројатно единствена заедничка цел која ги пресекува поделбите кои постојат во нашата држава. Затоа, кога разговараме за одбивање на францускиот предлог, не знам дали е паметно тоа да се изедначува со одбивање на европерспективата воопшто – на линија на мантрата „таква ЕУ не ни треба воопшто“. Сепак, имам впечаток дека ние сме подготвени да го одбиеме сегашниот предлог, не за да добиеме подобар, туку и по цена да не добиеме никаков предлог повторно, што не сум сигурен дека за нас е одржлива опција.

Како автомобил во лер

Во последните 17 години, од 2005-тата (кога официјално станавме земја кандидат), успешно докажавме дека еклатантно немаме капацитет сами да ја завршиме сопствената домашна задача. Додека здушно лелекавме над сопствената судбина и неправдата на светската геополитика и додека ја пцуевме ЕУ, сепак не ги засукавме ракавите дома, за сами да ги направиме потребните промени. Оти, да знаевме и да можевме, ќе ги направевме, имавме скоро две децении за тоа. Затоа, останува впечатокот дека ние, како и поголемиот дел од балканските држави, сме сепак автомобил на угорнина оставен во лер – ако не го туркаш напред однадвор, тој, оставен сам на себе, се лизга наназад.

Затоа, без да навлегувам предлабоко во аргументите на пропонентите и опонентите на сегашниот обид за почеток на преговори, мислам дека во наративот на двете страни недостасуваат суштински елементи, кои дебатата можеби од оптика на нишан, би можеле да ја преместат во реална дискусија за иднината. Ако претпоставиме дека членството во ЕУ е средство, а не цел, а дека крајната цел е подобро општество и квалитет на живот, тогаш на двете страни на дебатата немаме одговори на клучни прашања.

Оние кои стојат на ставот дека сегашниот предлог треба да се прифати, немаат суштински одговор: дали предлогот во оваа форма ги забрзува евроинтеграциите, или всушност гарантира повеќе проблеми на тој пат?

Оние, пак, кои безусловно се за одбивање на предлогот, немаат одговор како понатаму. Досега, планот за тоа како од државата да направиме подобро место за живеење беше преку ремонтот на општеството низ преговорите. Ако тој план се одбие, кој е другиот план? Дека дома имаме некој голем капацитет самите, немаме. Без овие елементи во двата наратива, аргументите од двете страни остануваат емотивни, празни.

Се разбира дека сегашниот предлог е искривен и неправеден, и секако дека е полош од претходните предлози на германското и португалското претседателство, но треба да имаме предвид неколку факти:

(1) со претходните предлози немавме договор, па така бадијала беа за нас добри;

(2) искривеноста на предлогот е функција на поставеноста на состојбите во ЕУ во моментов, а не е производ на преговорите – факт е дека Бугарија е членка, а ние не, и дека нивната позиција во моментов е посилна, и за неа изготвувачите на предлозите мораат да се грижат повеќе одошто за нашата;

(3) предлозите во континуитет се влошуваат, како ЕУ губи енергија за проширувањето, како што германскиот беше подобар од португалскиот, а португалскиот подобар од францускиот, слично како и со решението за името – она што го одбивме во 2008 беше недостижна премија во 2018.

Оттаму, треба да се запрашаме какво решение би добиле, ако го оставиме ова прашање да тлее уште 15 години, на пример.

Издржете за „Македоња“!

Немам паметен одговор што е вистинска одлука во моментов, но знам дека не треба да донесеме ниту една одлука без сериозно да ги разгледаме нужните последици, нашите планови врзани за сите опции, и алтернативите. Имавме едно искуство со емотивно одбивање на сличен предлог за решение за името и брзо членство во НАТО во 2008, и сите видовме како државата уредно отиде по ѓаволите во вредносниот вакуум кој го остави одбивањето на тој предлог. Затоа, одлуката за овој обид треба да биде врзана со сознанието за тоа што оставаме во наследство по таа одлука.

На крајот, ние можеби ќе одлучиме дека имаме доволно инает и сили да издржиме уште две децении за нашата национална историја и гордост, но дали така ја киднапираме иднината на нашите деца, на сметка на гордоста на нашите дедовци? Да не се случи децата уредно да си се иселат, повеќе одошто досега, да си направат подобар живот без нас, да ни ги остават и Гоце, и Самоил, и нашата вечна борба, па оттаму, од Европа која ја одбивме, доаѓајќи едвај еднаш годишно, да ни порачуваат „Издржете таму долу, за Македоња!“


Извор: Дојче Веле на македонски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ