• Latest

Зеленски: Змиски остров е стратешка точка, неговото ослободување значително ја менува ситуацијата во Црното Море

July 1, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Змиски остров е стратешка точка, неговото ослободување значително ја менува ситуацијата во Црното Море

July 1, 2022 10:18
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Несомнено, главниот збор денес е Змиски. Очигледно, исто толку многу се зборуваше за Змиски само на денот кога рускиот брод пристигна таму. Тогаш бродот замина – засекогаш, а сега островот е повторно слободен. Благодарен сум на одбранбеното разузнавање на Украина, на борците на „Алфа“, благодарен сум на нашите топџии, пилоти на армиската авијација и воздухопловните сили, командата на „Олександрија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Змиски остров е стратешка точка и значително ја менува ситуацијата во Црното Море. Сè уште не гарантира безбедност, сè уште не гарантира дека непријателот нема да се врати. Но, тоа веќе значително ги ограничува акциите на окупаторите. Чекор по чекор ќе ги истераме од нашето море, од нашата земја и од нашето небо, истакна Зеленски.

Според него, ситуацијата во Донбас останува најтешка, исклучително тешка. Огнената супериорност на окупаторите е сè уште исклучително опиплива – тие веќе зедоа сè од нивните резерви за да не погодат: регионот Луганск, регионот Доњецк. Тој изрази благодарност на сите што ги бранат нашите позиции во вакви услови, ова е вистински херојство.

Претседателот соопшти дека Соединетите Американски Држави денеска објавија нов пакет поддршка за Украина, пред се во однос на одбраната, и се заблагодари на претседателот Бајден за оваа помош. Наскоро ќе стигне до првата линија за да работи за Украина, за одбрана на слободата.

Зеленски разговарал за одбранбената поддршка со сојузниот претседател на Германија, му се заблагодарил за веќе укажаната помош и уште еднаш ги истакнал приоритетите – видовите на оружје што ни се потребни. Претседателот Штајнмаер изрази сочувство за нехуманиот напад врз Кременчук и нашите други градови.

Тој објави дека денеска се случи уште еден значаен чекор во нашето приближување кон Европската Унија – Украина започна значителен извоз на електрична енергија на територијата на ЕУ, во Романија. И ова е само првата фаза, се подготвува зголемување на понудата.

За сметка на украинската струја може да се замени значителен дел од рускиот гас што го трошат Европејците. Односно, не е прашање само за приход од извоз за нас, тоа е прашање на безбедност на цела Европа, истакна Зеленски.

Тој потсети дека земјата се приклучи на заедничкиот енергетски систем на ЕУ веќе по почетокот на војната. Украина прави работи кои изгледаа невозможни.

Француското претседателство со Советот на ЕУ завршува денеска. Историскиот период кога ја добивме кандидатурата. Европа стана посилна во овој период. Започнува Претседателството на Чешката Република, и јас сум им благодарен на нашите чешки партнери за фактот што тие ја идентификуваа реконструкцијата на Украина како еден од приоритетите на нивното претседателство. Навистина е важно што поскоро да се започне со реконструкција на веќе ослободената територија, нагласи Зеленски.

Тој истакна дека приоритет ќе биде задачата на сите претставници на државата – да се направи се што е можно поскоро за да се подготви почеток на преговорите за членство. Владини функционери, пратеници, дипломати – на ова секој мора да работи 24 часа, 7 дена во неделата. Инаку утре ќе има новости на оваа тема. Европската интеграција на Украина не може да се запре.

Вечна слава на сите што ја бранат државата! Вечен спомен на сите што ги дадоа своите животи за нашата слобода, слободата на Украина! изјави Зеленски на крајот од обраќањето.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ