• Latest

Преку апликацијата мојДДВ вратени 4,2 милијарди денари, најголем број корисници се жени

July 1, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Преку апликацијата мојДДВ вратени 4,2 милијарди денари, најголем број корисници се жени

July 1, 2022 13:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Преку мерката мој ДДВ во изминатите три години се вратени 4,2 милијарди денари, или близу 68,3 милиони евра, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција на тема „Три години мојДДВ“.

Според Лукаревска, мерката Мој ДДВ има сериозно директно влијание врз подобрување на семејните буџети, зголемување на бројот на издадени сметки, наламување на сивата економија и нелојалната конкуренција.

Информира дека апликацијата стартувала со 212 776 корисници, а денеска брои  близу 460 000, како и дека гледано по региони најмногу скенирани фискални сметки има во Скопје и тоа 259 милиони.

Соопшти дека најмногу скенирање сметки има од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.

– Жените повеќе ја користат Мој ДДВ апликацијата. До крајот на мај годинава имало 245 924 корисници жени, додека 212 598 се машки. Задоволство е што граѓаните ја прифатија апликацијата од сите возрасти од 15 до 98 години, истакна Лукаревска.

Додаде дека највозрасниот корисник на апликацијата е од радовишанец и има 98 години.

-Поделено по старосна структра, 1 808 граѓани кои скенирале 1,4 милиони сметки се до 18 годишна возраст, додека 90 829 граѓани се на возраст од 19 до 30 години и тие скенирале 113, 2 милиони фискални сметки, 118 085 граѓани на возраст од 31 до 40 години скенирале 177,3 милиони сметки, а 176,9 милиони фискални сметки скенирале 104 695 граѓани на возраст од 41 до 50 години. Граѓаните од 51 до 60 години скенирале 121,4 милиони фискални сметки, додека 75 527 граѓани над 61 година старост скенирале 98,7 милиони фискални сметки во текот на изминатите три години, појасни Лукаревска.

Информира дека во нареден период во координација со Министерството за финасии ќе поднесат предлог измена на Законот за враќање на дел од ДДВ  на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1 800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2 100 денари.

Ова според Лукаревска ќе претставува стимул и кај граѓаните и кај компаниите, едните да бараат, а другите да издаваат фискални сметки.

Апелира редовно да се ажурираат промените на податоците.

-На овој начин само со точни и валидни податоци ќе се овозможи навремено исплаќање на дел од данокот на ДДВ. Ги потикнувам граѓаните кои сè уште не ја користат оваа апликација да се приклучат кон семејството корисници со што ќе си создадат можност за за дополнителни средства во нивните буџети, порача директорката на УЈП.

Рече дека за мај 6 250 работодавачи за 16 722 работници имаат поднесено МП пресметки, а немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5 211 работодавачи за 10 390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок.

-Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот на тој рок пуштаме блокади во банките, исто така, навремено информираме и до Државниот инспекторат за труд за координирани контроли, ја доставивме веќе таа листа на компании и имаме доставени решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МП пресметка , изјави Лукаревска.

Оцени дека е жално што секој месец мора да се објавуваат вакви податоци, наместо да се има почиста слика.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ