• Latest

Стриптиз на Злотo

July 6, 2022

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Стриптиз на Злотo

Во реалната стварност, не во таа што ја проектираат емоциите стимулирани од вморовски буники и квазиинтелектуални прдежи, Францускиот предлог е документ под кој би се потпишал секој минимум нормален, разбран и добронамерен човек…

July 6, 2022 11:02
in СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Може ли Весна Бејби да го спаси идентитетот.

Може.

Со вагинални монолози под услов монолозите и вагината да не завршат врз главите на полицајците.

Не се заебавам.

Мене ми е јасно од почетокот, но не ми е јасно како на многумина дури сношти им стана јасно, дека одбраната од францускиот предлог е директен напад врз Македонија.

И врз сите нас.

Дека таа одбрана не е одбрана на идентитетот туку е директна негација, уништување, смрт на идентитетот и на македонскиот државен и национален проект.

Да, да, господа: СМРТ НА МАКЕДИНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН И ДРЖАВЕН ПРОЕКТ.

Во Специјална операција на домашни и странски сили стручњаци за специјални операции за ослободување на луѓето од националните посебности и демократските настроености.

Дека со таква идеја беа исфорсирано, со лаги и тешки манипулации, произведени хималаи на болни чувства во испразнетите глави на многу Македонки и Македонци.

За жал.

Меѓу нив и од страна на истакнати и инаку паметни личности и добри луѓе.

Во реалната стварност, не во таа што ја проектираат емоциите стимулирани од вморовски буники и квазиинтелектуални прдежи, Францускиот предлог е документ под кој би се потпишал секој минимум нормален, разбран и добронамерен човек…

Ако фатиме да рудариме ќе најдеме милион забелешки и на македонскиот устав и на американскиот и на Повелбата на Обединетите нации и на Магна карта либертатум и на Библијата и на Коранот и на Тората и на Талмудот и на песните на Дилан Томас, за Петре М. Андреевски да не збориме.

Да, и на Блаже Конески.

И на Декларацијата за независноста.

И на документите на АСНОМ.

Но, афирмацијата и заштитата на тоа што го означуваме како национални и државни интереси е максимална, дури, би рекол, над односот во кој сме ние и контекстот.

Но, не Македонците решија да го уценуваат светот со милион гаранции за себе.

Луда работа.

Во злото што се излеа сношти под црните качулки на “македонскиот патриотизам”, добро испадна тоа што злото го изведе својот стрип-тиз и нацијата можеше да ги види сите негови деформитети и смрдливости.

Смрт на Шиптарите, смрт на Европа…

Ха, па тоа се традиционални катани со кои Македонецот не ги убива наведените групи туку си ја отвора утробата.

Од која смрди на нечовештина.

Тие пароли не се плод на некакви афекти, туку се смислени инструменти на распаѓањето и затоа мора да се санкционираат најстрого.

Се покажа дека тие не се дури ниту за смена на власта, туку за обезбедување на услови во кои оваа власт ќе може да се прогласи како последна.

Да ја запалат Македонија, како тоа убаво го најави Кикифрики.

Па запалете си ги куќите, бре, пичка ви лепа материна и на гласноговорникот и на Говното со брада, што сте и се намерачиле на Македонија.

Нацијата мора да најде начин да се обедини околу власта.

Секаде во вакви ситуации нациите прават така.

За друг избор ќе се избориме дури откако ќе ја совладаме оваа агресија.

Верувам дека нацијата ќе се дистанцира од злото.

Но, не само да се дистанцира туку да го нокаутира со презир и со законски санкции и да го изнесе од јавната сцена.

Од политичкиот ринг.

Не само луѓето, туку институциите.

Без најмал пардон.

Полицијата, обвинителството, судот.

Имајки предвид дека постапувањето по луѓето од првата линија на фронтит нема да ги даде резултатите ако не се постапи и спрема главните инспиратори и организатори и корисници на хаосот и хистеријата: таканаречените лидери на вмро и на левица.

Очекувам, исто така, истакнатите поединци кои од недоволна упатеност, искривен опортунизам, односно кариерни очекувања, дури и од добронамерност, ја запалија масата, да донесат на јавната сцена макар и мали чаши на своето покајание со кои ќе фрлат троа течност врз смртоносниот пожар во кој и тие и нивните семејства и нивните кариери и имоти ќе отидат по ѓаволите.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ