• Latest

Партиите на власт и опозицијата се „спукаа“ чиј е пиштолџијата кој пукаше кај Скендербег

July 7, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Партиите на власт и опозицијата се „спукаа“ чиј е пиштолџијата кој пукаше кај Скендербег

July 7, 2022 10:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највисоки претставници на партиите во опозиција. Сè е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сценарио кое синоќа не им успеа. Тие воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Тоа нема да го дозволиме, велат од СДСМ за вчерашниот инцидент што се случи на антиевропскиот протест кај плоштадот Скендербег.

„Христијан Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, крваво сценарио со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса за Албанците, кое на крајот не успеа. Мицкоски синоќа не беше мета туку само ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните.

Цуфи Кока е личноста која според крвавото сценарио на Мицкоски треба да глуми негов напаѓач и истото лице вчера беше приведено веднаш. Се работи за човек кој е брат на висок член на коалицискиот партнер на Мицкоски, Алијанса за Албанците, кој беше назаначен за директор на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијанса во Чаир и главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска.

Од владејачката партија велат дека не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано, и додаваат дека граѓаните никако да не подлегнувааат на вакви конструкции.

„Апелираме на смиреност а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот. Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени“, велат од СДСМ.

Демократската унија за интеграција најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје.

„Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.

Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денеска е функционер на ВМРО, директор на Комунална хигиена во Скопје“, велат од ДУИ.

ДУИ повикува на смиреност и непоттикнување меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.

„Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа“, потенцираат од ДУИ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека вчерашниот инцидент е во режија на власта која по секоја цена сака да ги задржи своите фотелји и функции заради криминалните тендери.

„Вчера се случи класична полициска монтажа во режија на власта на СДСМ и ДУИ. Соочени со големиот револт на граѓаните, кој трае неколку денови, поради Предлогот кој предвидува асимилација на народот и понижување на Македонија, власта се реши да игра на карта на меѓуетнички тензии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, лицето кое пукаше веднаш беше приведен од полицијата. По вчерашниот инцидент кај плоштадот „Скендербег“ во скопската Чаршија, разрешен е вршителот на должност на Ј.П. Комунална хигиена, Зуди Енузи, соопштија од Град Скопје.

Енузи е братот на Јусуф Кока, човекот што пукаше од пиштол за време на инцидентот со демонстрантите и група граѓани кај плоштадот „Скендербег“ во скопската Чаршија.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ