• Latest
Артан Груби

Груби: Владата уште денеска може до Собранието да го достави францускиот предлог

July 7, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби: Владата уште денеска може до Собранието да го достави францускиот предлог

July 7, 2022 14:04
in ВЕСТИ
Артан Груби

Артан Груби

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за политички систем и односи со заедниците Артан Груби изјави дека е можно уште денеска Владата до Собранието да ги проследи францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на земјава, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи.

– Владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку само ќе ги проследи до Собранието. Владата нема да одлучи по однос на овие прашања без тие документи да дојдат во Собранието, да се усогласат и Собранието да ја заложи Владата да постапува по однос на тие документи, рече Груби.

Ние, потенцира тој, како владејачко мнозинство сметаме дека сите документи кои што се доставени од Брисел и сите билатерални документи кои што се усогласуваат со Софија треба да се поднесат во Собранието каде што парламентарните политички партии треба да отвораат конструктивен дијалог и да одлучуваат по овие документи и потоа да ја заложат Владата со заклучоци по однос на информацијата што ќе ја добијат да постапува. Груби посочи дека во заклучоците стриктно се забранува на оваа и на било која идна влада да донесе било каква одлука и да преговара по било какви услови по однос на историските, културните, јазичните особености на македонскиот народ, но и на сите други заедници во Република Северна Македонија.

Тој рече дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протоколот со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазик и културна посебност. Посочи дека протоколот не е потпишан, туку е усогласуван веќе подолго време и тоа откако е потпишан Договорот за добрососедство на 1 август 2017 година.

– Јас нема да гласам за нешто што би го спорел македонскиот идентитет, култура, јазик, историска особеност. Јас ќе бидам првиот што ќе биде против и убеден сум дека ниту СДСМ, ниту премиерот Ковачевски ќе дозволи да се усвојува било каков документ во било кое време во кој што се спори македонската особеност и во кои што има било какви елементи кои што ја ризикуваат оваа особеност. И знам дека никогаш ниту Ковачевски, ниту било кој друг министер од Владата би донел одлука која што е во спротивност на интересите на Македонците, на Албанците и на другите заедници и на Северна Македонија како држава, рече Груби.

Во однос на инцидентите на вчерашните протести, Груби упати апел до институциите да постапат веднаш кон сите кои што се огрешиле кон законот.

– Тоа што се случи вчера е апсолутно за секоја осуда, неприфатливо и наликува на сценарио помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците. Овие се последици од таа коалиција од 5 ноември минатата година токму тука во Собранието за време на тој состанок. Ги повикувам институциите, а посебно Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да постапуваат ревносно и веднаш по однос на сите овие инциденти кои што се случуваат деновиве и кои што се испровоцирани од странски агенти кои функционираат во Република Северна Макеоднија и наликуваат на сценаријата во Црна Гора против членството на таа земја во НАТО. Гледаме дека се мобилизираат неколку стотина луѓе кои што го киднапираат легитимното право на протест на искрени граѓани кои се загрижени по однос на нашата заедничка држава, намерно за да испровоцираат инциденти и за да ја оттргнат нашата држава од патот кон Европската унија. Тоа не е целта на сите тие граѓани кои што протестираат, туку само на стотици кои се инструментализирани, инструирани од странски агенти за да го направат истото како што го направија на 27 април, рече Груби. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ