• Latest

Маричиќ-Стајн: Соработката со УСАИД значи реализација на приоритетни проекти во интерес на напредокот на земјата кон ЕУ

July 8, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ-Стајн: Соработката со УСАИД значи реализација на приоритетни проекти во интерес на напредокот на земјата кон ЕУ

July 8, 2022 18:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Приоритетните проекти кои можат да се реализираат со финансиски средства и инвестиции од САД, како и можностите за проширување на развојната соработка која успешно се спроведува повеќе од две децении со УСАИД, биле тема на разговор на денешниот координативен состано на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со претставникот на Канцеларијата на УСАИД во земјава Џејмс Стајн, програмскиот директор Енид Нуњез и шефот на Политичко-економската канцеларија во Амбасадата на САД во земјава Кристофер Цимер.

Маричиќ на средбата, потенцирал дека нашиот стратешки партнер САД, од осамостојувањето на земјата до сега, има вложено над половина милијарда американски долари развојна помош.

-Преку Агенцијата за меѓународен развој – УСАИД, досега е обезбедена многу значајна помош за развојот на претприемништвото, подобрување на конкурентноста, поефикасна работа на јавната администрација и подобрување на деловното опкружување, реформите во областа на правдата, борбата против корупцијата, односно континуирана поддршка во реализацијата на реформската агенда, изјави Маричиќ, информираат од неговиот кабинет.

 

Џејмс Стајн ја потврдил досегашната успешна соработка во реализацијата на проектите и заедно со Националниот ИПА координатор и Маричиќ, како што се вели во соопштението, истакнале дека Стратешкиот дијалог го сметаат за важен чекор кон подигање на севкупната развојна соработка на Северна Македонија со САД на едно повисоко ниво, што сигурно ќе влијае на обемот на проектите, но и областите во кои ќе се спроведува помошта во наредниот период, што дефинитивно ќе придонесе за понатамошен развој на традиционално добрите односи меѓу САД и Северна Македонија.

– Особено е важно во иднина на јасен и ефективен начин да ги координираме сите расположливи финансиски развојни ресурси, од фондовите на ЕУ до билатералните развојни програми, со цел на најдобар и најбрз начин да ги реализираме важните и приоритетни проекти, во интерес на напредок и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани на Северна Македонија, оценил Маричиќ.

 

Маричиќ, исто така, ја искористи можноста и на делегацијата на УСАИД предводена од Стајн и им го честита Денот на независноста на САД, 4 јули, кој неодамна беше одбележан во резиденцијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава. /МИА/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ