• Latest

Милијарда евра од ЕУ за Украина, Иванов – Европскиот предлог е шанса македонизмот да влезе во ЕУ институциите, Законот против финансирање тероризам стапува во сила

July 12, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Милијарда евра од ЕУ за Украина, Иванов – Европскиот предлог е шанса македонизмот да влезе во ЕУ институциите, Законот против финансирање тероризам стапува во сила

July 12, 2022 16:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Советот на ЕУ одобри дополнителна помош од 1 милијарда евра за Украина

Советот на Европската унија денеска ја објави одлуката за доделување дополнителна 1 милијарда евра дополнителна макрофинансиска помош за Украина, како итна работа, која ќе биде насочена кон приоритетните потреби на земјата, стои во документ објавен на веб-страницата на Европскиот совет.

„Советот денеска одлучи да обезбеди 1 милијарда евра дополнителна макрофинансиска помош (МФА) за Украина, како итно прашање. Заедно со итното МФА од 1,2 милијарди евра исплатено претходно оваа година, вкупната макрофинансиска поддршка од ЕУ за Украина од почетокот на војната сега достигнува 2,2 милијарди евра и се очекува дополнително да се зголеми во наредните месеци“, гласи документот

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Иванов: Сега е шанса македонизмот, од кој Бугарите имаат страв, да влезе во европските ходници и да видиме тие како ќе се однесуваат. Таму ние нема да бидеме сами, сега сме изолирани и водиме битка со Бугарија.

„Важно е да тргнеме по тој пат за реформи. Неодамна донесовме Резолуција во Собрание за нашите црвени линии. Од каде е сега стравот за идентитетот? Или сум Македонец или не сум. Викаат „ќе сме бугаризирале“ – ние 70 години имаме проблем со Бугарите со негирање на македонството, изјави Зоран  Иванов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Соединетите Американски Држави префрлија уште 1,7 милијарди долари грант помош за Украина,  напиша на Твитер украинскиот премиер Денис Шмихал, пренесува Укринформ.

„1,7 милијарди долари грант помош дојдоа во украинскиот буџет од Фондот за доверба на Светската банка и Агенцијата за меѓународен развој на САД. Ова е втор американски грант во последните две недели, вкупниот износ на помошта е до 3 милијарди долари. “, се вели во извештајот.

Украинскиот центар за стратешка комуникација и безбедност на информации објави видео за тоа како руската војна против Украина предизвика глобална прехранбена криза. Што прави Русија за 400 милиони луѓе ширум светот да страдаат од глад? Дали е можно да се спречи гладот?

 

Таксист и татко на четири деца, Иван Скајба, беше еден од групата Украинци кои ја бранеа нивната приградска улица во близина на Киев на почетокот на војната, известува Фергал Кин за вестите на БиБиСи во Десет. Тој за влакно ја избегна смртта откако беше заробен со неговите другари од руски војници додека напредуваа кон главниот град на Украина.

Одлуката за ослободување од санкции во Русија ќе биде сфатена исклучиво како манифестација на слабост, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Од денеска стапува во сила Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, што Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година. Со новиот Закон во однос на уписите во регистарот на вистински сопственици предвидени се промени на роковите за упис, субјектите кои се обврзани да извршат упис во рамки на истиот, како и нов пристап во утврдувањето на вистински сопственик кај фондациите.

РЕБАЛАНС Во Собранието втор ден се расправа за ребалансот на Буџетот, која согласно Деловникот за работа, може да трае најмногу пет работни дена. Расправата продолжува по редовната пауза дадена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Според пратениците од власта, овој ребаланс е наменет кон човечкиот капитал и подобрување на условите на граѓаните, додека пак, опозициските пратеници посочија дека земјава со брз чекор се движи кон рецесија и сиромаштија.

ДИПЛОМАТСКА НОТА Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Северна Македонија.

ИНТЕГРАЦИИ Поддршката за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграцијата беше изразена денеска во телефонскиот разговор, што министерот за надворешни работи Бујар Османи го оствари со неговиот чешки колега Јан Липавски, . Османи, како што соопшти МНР, го уверил соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија.

СОВЕТ НА АМБАСАДОРИ Во овој критичен момент на европската историја обележена со инвазијата на Русија во Украина, унапредувањето на патот на нашата држава кон ЕУ е од клучно значење за иднината, стабилноста и просперитетот на државата, регионот и пошироко на Европа, Советот на амбасадори ги охрабрува проевропски ориентираните граѓани, невладини организации, политички партии, пратеници, новинари, интелектуалци, но и оние кои од недоволната информираност поради недостапност до вистински информации емотивно реагираа на францускиот предлог, да се соочиме сите заедно со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ,

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во фокусот на ЦИВИЛ: Национализмот на политичката улица

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Национализмот на политичката улица“ што ќе се одржи в четврток, 14 јули 2022 година, со почеток во 13 часот, во прес центарот на ЦИВИЛ, во бизнис центарот Палома Бјанка, 3 кат.
Настанот е посветен на националистичкиот наратив за време на протестите против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Јовановиќ: Дезинформаците и пропагандата секогаш се персонализирани на лична основа

„Не само што има пропаганда, таа обично доаѓа од некои центри на моќ кои што секогаш се поврзани со тие антиевропски и клаустофобични приказани кои што се внатре во земјата. Тие секогаш се поврзани со некакви спинувања околу традицијата, а никогаш не се приказни кои се широки, кои се отворени“, вели активистот Ненад Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ