„Да ви е**м крвта предавничка на сите што ќе гласате за бугаризација. Пород да немате. Да умрете. Истото важи и за Заев, Пендаровски и Димитров“, истакна Богдан Илиевски (Бетмен Велит), кој беше еден од предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, кои резултираа со крваво сценарио на „27 април“ во Собранието каде што беа нападнати пратениците на СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците.
„Не сум кажал одамна, па да не се создаде тих вакуум простор, исполнет со недоумици, би сакал да се обратам искрено до сите народни претставници кои со позитивен дух и нескриена ведрина гледаат кон можноста за евроинтеграции преку францускиот предлог… На сите вам би сакал да ви кажам:
ДА ВИ ЕБАМ КРВТА ПРЕДАВНИЧКА НА СИТЕ ШО ЌЕ ГЛАСАТЕ ЗА БУГАРИЗАЦИЈА. ПОРОД ДА НЕМАТЕ. ДУМРИТЕ.
Благодарам на вниманието и убава вечер.
п. с. Истото важи и за Заев, Пендаровски и Димитров“, објави Илиевски на својот Фејсбук профил.
Инаку, Илиевски остана на слобода и не беше осуден за „крвавиот четврток“, отако Судот ја прифати неговата молба да биде амнестиран. Тој меѓудругото истакна дека за време на насилството во Собранието двапати отиде до една кафана во близина за да го искористи тоалетот, бидејќи беше многу топло, пиел многу вода и бил под стрес.
Д.М.