• Latest

Зеленски: Овој ден повторно докажа дека Русија треба да биде признаена како терористичка држава

July 15, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Овој ден повторно докажа дека Русија треба да биде признаена како терористичка држава

July 15, 2022 10:29
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денес го упатувам ова обраќање не до Украинците и Украинките, како обично, туку до нашите партнери. На демократскиот свет, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Овој ден повторно докажа дека Русија треба официјално да биде призната како терористичка држава. Ниту една друга земја во светот не претставува таква терористичка закана како Русија. Ниту една друга држава во светот не си дозволува секој ден да уништува мирни градови и обичен човечки живот со крстосувачки ракети и млазна артилерија, изјави Зеленски.

Тој истакна  дека како резултат на само еден ракетен напад врз нашиот град Виница, загинаа 23 лица. Три деца до десет години. И ова, за жал, сè уште не е конечната бројка. Во тек е анализа на урнатините. Десетици лица се водат како исчезнати. Меѓу хоспитализираните има тешко повредени.

Зеленски соопшти дека една од ракетите го уништи медицинскиот центар „Неуромед“.

Внатре имаше луѓе. Наталија, таа има 40 години. Татјана, таа има 32 години. Володимир, тој има 61 година. Вира, таа има 55 години. Ги видов нив меѓу исчезнатите. Разбирате, не се ни знаеше што се случи со луѓето кои едноставно отидоа во медицинскиот центар…рече Зеленски. А ако некој изврши ракетен напад врз медицински центар во Далас или Дрезден, не дај Боже, како би го нарекле тоа? Зарем немаше да го наречат тероризам?

Меѓу загинатите  во Виница има и девојче, имаше четири години, се викаше Лиза. Дете од четири години! Нејзината мајка е во критична состојба…

Тој нагласи дека Русија му стави крај на животот на девојчето токму во моментот кога во Холандија, во Хаг, се одржуваше конференција за руските воени злосторства. Конференција на која беше одлучено што треба да се направи за да биде казнет секој руски војник.

Зеленски запраша дали може да се сетите на некоја друга терористичка организација која би си дозволила таква дрскост? Да убие токму кога нејзините претходни злосторства се предмет на меѓународна дискусија.

Според него, Русија на тој начин го покажа својот став кон меѓународното право, кон Европа и кон целиот цивилизиран свет. После тоа, никој не може да се сомнева дека е потребен Специјален трибунал за руската агресија врз Украина што е можно поскоро. Исто така, што е можно поскоро треба да се имплементира посебен механизам за компензација, со помош на кој сите руски средства и средства во сите земји во светот треба да бидат конфискувани и насочени кон обесштетување на жртвите на рускиот терор.

За Зеленски, апсолутно е неопходно што поскоро да се спроведат такви ограничувања против рускиот извоз на енергија, што нема да им дозволи на терористите да ги покриваат своите трошоци на сметка на меѓународната заедница.

Претседателот нагласи дека сето тоа ѝ е потребно не само на Украина, не само на нашите граѓани, чии животи се под закана од рускиот терор. Ова ви е потребно на сите вас, на секој во светот кој барем малку го цени човечкиот живот.

Теророт е вирус. И ако некој од терористите остане неказнет, тоа само ги охрабрува другите, истакна Зеленски.

Тој соопшти дека утрото во Киев се одржа церемонија на доделување награди на нашите бранители кои ја добија титулата Херој на Украина. Ордените „Златна ѕвезда“ им беа врачени на нашите војници, како и на роднините на оние војници кои постхумно ја добија титулата Херој.

Севкупно, за време на војната од големи размери од 24 февруари, титулата Херој беше доделена на 157 Украинци, меѓу кои 75 постхумно. На повеќе од 23 илјади наши бранители и бранителки им беа доделени државни награди, повеќе од 3,5 илјади – постхумно.

Стотици илјади наши војници го задржуваат рускиот напад секој ден и секоја ноќ. Украинците го даваат еден од најзначајните придонеси во историјата во борбата против тероризмот. И ние сме им благодарни на сите што ни помагаат. На секоја држава, меѓународни структури, јавни здруженија ширум светот, чесен бизнис, секој нерамнодушен човек, вели Зеленски.

Тој истакна дека дојде време демократскиот свет да го вгради сето ова во соодветни правни инструменти. Статус на терористичка држава за Русија. Специјален суд за руска агресија. Посебен механизам за компензација кој ќе ги насочи средствата на терористичката држава кон оние кои сакаше да ги уништи. И, се разбира, нови санкции за теророт. Потребни се и нови санкции што е можно поскоро.

И, за крај. Сакам тимот на онаа подморница од која денес полета „Калибар“ над Виница, да знае со сигурност дека затворот е најдоброто што ги чека, дециден е Зеленски. Вечен спомен на сите жртви на рускиот терор! Вечна слава на секој и секоја кои го бранат нормалниот мирен живот! Слава на Украина!

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ