• Latest
Џабир Дерала

Что вы думаете, рашисти?

July 17, 2022

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Что вы думаете, рашисти?

Антиевропската кампања и протестите ги помогна Кремљ со know-how и со низа други средства, вклучително и со русские деньги (руски пари). Дел од нив можеби располагаат со „свои“ пари или „објективни“ судови, но нивното дејствување секако оди во прилог на руските интереси кои се реализираат преку жестоки хибридни напади. И тие што (можеби) немаа намера, станаа дел од руските хибридни напади. Затоа, во моите текстови што изразуваат личен став, оние што се очигледно поврзани со руските интереси, пропаганда и хибридни напади, често ги нарекувам рашисти.

July 17, 2022 11:49
in КОНТЕКСТ, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Знаете дека исклучително ретко влегувам во поединечни преписки во коментарите. Затоа, за оние што се нашле „погодени“ од моето пишување деновиве, сакам да појаснам неколку работи. Не да се оправдам, туку да ги засилам моите спорадични кратки коментари. Да објавам дека тие се дел од цврсти ставови, изградени врз основа на децениско искуство во медиумите и во граѓанското општество.

Моите објави на социјалните мрежи како и моите текстови во ЦивилМедиа и Фронтлајн во изминатиот период се многу јасни. Навистина се трудам да не оставам ништо недоречено и како автор, но и како уредник во споменатите медиуми. За широчината и отвореноста кон сите различни ставови мислам дека нема потреба посебно да докажувам, доволен е само еден скрол по медиумите што ги уредувам. А како што негувам целосна почит кон ставовите и на оние со кои не се согласувам, истото го очекувам и од другите. Ако немаат доблест да возвратат со иста мера, тоа не говори лошо за мене, туку за нив.

Кратко потсетување

Заврши уште едно важно поглавје на европскиот пат на Северна Македонија. За среќа, иако нападот на европската иднина на земјата беше силен, процесот заврши успешно. Северна Македонија, заедно со Албанија, веќе немаат пречки да ги започнат преговорите за интеграција во ЕУ. Пречка за двете земји беше бугарското вето против нашата земја, со апсурдни барања и услови со кои се доведуваа во прашање македонскиот јазик и идентитет. Владата на Ковачевски кажа решително НЕ за првата верзија од предлогот, познат и како „француски предлог“. Во вториот, експресно ревидиран предлог, беа изоставени барањата поврзани со идентитетот и јазикот. Но наместо широка поддршка и аргументирана јавна дебата, овој успех беше дочекан „на нож“. Што и не беше изненадување.

Радикалната опозиција се послужи со сите средства во жестока и насилна кампања против европскиот предлог со кој се надминува ветото од бугарска страна. Опозицијата организираше насилни демонстрации и инциденти, со жестока националистичка реторика и говор на омразата на улица, на социјалните мрежи и во медиумите. Беа повредени педесетина полицајци, беа демолирани објекти, а имаше и истрели од огнено оружје. Милитантната опозиција се обиде, не само да го блокира европскиот предлог и со тоа да ја задржи земјата надвор од ЕУ интеграцискиот процес, туку и да ја дестабилизира земјата.

Оваа „епизода“ заврши со гласање во Собранието со 68 гласа ЗА и ниту еден „против“. Северна Македонија сега веќе може да започне со преговорите за зачленување во ЕУ, на што чека цели 17 години.

Што подразбирам под поимот „рашисти“?

Антиевропската кампања и протестите ги помогна Кремљ со know-how и со низа други средства, вклучително и со русские деньги (руски пари). Дел од нив можеби располагаат со „свои“ пари или „објективни“ судови, но нивното дејствување секако оди во прилог на руските интереси кои се реализираат преку жестоки хибридни напади. И тие што (можеби) немаа намера, станаа дел од руските хибридни напади.

Затоа, во моите текстови што изразуваат личен став, оние што се очигледно поврзани со руските интереси, пропаганда и хибридни напади, често ги нарекувам рашисти. Овој термин – рашисти – има поинаква употреба во меѓународната јавна комуникација, но во контекст на македонските општествено-политички процеси и трендови ги подразбира, во прв ред, политичките и милитантните националисти кои дејствуваат под директен диктат на Кремљ. Такви се Апасиев и неговата ултрадесничарска Левица, Јанко Бачев и неговата Единствена Македонија, партијата Родина и други.

Со рашисти ги означувам и нивните членови, следбеници и поддржувачи.

Иако не сосема отворено, и ВМРО-ДПМНЕ со ниту еден свој потег не покажаа дека не се дел од антиевропското движење и уште помалку покажаа несогласување со руската политика во однос на Северна Македонија. На пример, не ја осудија руската инвазија врз Украина. Така што, во послободна и поширока смисла на зборот, тие за мене се, исто така, рашисти.

Како и да е, се најдоа повикани и сите оние што дозволија да паднат под директно или индиректно влијание на руската пропаганда. Иако не беа посочени како рашисти, се препознаа и оние што со своето дејствување во јавната комуникација, без оглед на тоа колку не се проруски настроени, ѝ помогнаа на руската пропаганда. Но што да правам јас ако самите се препознале под тој назив?

На почетокот, во мојата „дефиниција“ не ги вклучив, иако требаше, и оние на кои не им пречеше да застанат, макар и со својот молк, на иста линија со организаторите на јулските ултранационалистички и антиевропски протести. Секако, самите се „вклучија“. Меѓу нив, на мое големо и непријатно изненадување, се најдоа бројни интелектуалци, новинари, уредници и „европски“ НВО лидери.

Зошто на рашистите им пречат моите коментари?

За тоа колку сум погрешил јас во квалификациите и опфатот на луѓе што ги подразбирам под поимот рашисти, може да се дебатира, но тоа е сосема непотребно.

Проблемот е во прифаќањето на рашистичкиот наратив на кој толку лесно му се предадоа дел од интелектуалците, експертите (под и без наводници), НВО лидерите и активистите, новинарите и нивните уредници. Со тоа што ќе ми кажат мене дека не сум во право што ги нарекувам рашисти не го решиле проблемот, туку само ја истакнале својата немоќ да најдат подобро оправдание.

Навистина, една или две мои објави на Фејсбук или Твитер не треба да им значат ништо, ако им е совеста чиста. Тие се соочени со далеку поважни прашања отколку со тоа што јас мислам за нив. Почестен сум што моето мислење им значи, но мораат да одговорат на други прашања, не пред мене, туку пред себеси, пред јавноста и пред судот на времето. Прашањата се едноставни, но признавам дека се и непријатни.

Едноставни, но непријатни прашања

Дали сега некој треба да им им верува кога ќе говорат за ЕУ интеграциите, откако со сета жестина се нафрлија врз европскиот предлог и проевропскиот курс на владата и на другите прогресивни сили во земјата?

Како ќе ги оправдаат милионите евра европски пари (!) што со години и децении ги исцицуваат од европските фондови за да ѝ помогнат на земјата да ги спроведе националните стратешки цели и да се развива соодветно на критериумите на ЕУ демократијата? Ова се однесува на тие што имаат дебело конто со европски пари.

Како ќе го оправдаат своето посредно и/или непосредно учество во атакот на меѓуетничките односи?

Ако не се проевропски, дали можат и понатаму да се претставуваат барем како „неутрални“ и „објективни“? Или се „неутрални“ и „објективни“ само ако ја напаѓаат ЕУ агендата? Па и антиваксерите „неутрално“ и „објективно“ мислат дека во вакцините има чипови за контрола на умот!

Не кажаа ниту збор за заканите, говорот на омразата и повикувањето на геноцид

Немаа ни збор за жестокиот говор на омразата и повикувањето на геноцид на улиците и во медиумите и социјалните мрежи. Не ги осудија ни ултранационалистичките говори на 81-та седница на Собранието во кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица навредуваа, ги попречуваа другите да говорат (ја навредија и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен), се закануваа со жестока одмазда и се служеа со отворен говор на омразата. Зошто останаа неми за сето тоа?

„Големите“ експерти и новинари не го искоментираа ниту тоа што, иако водеа жестока и насилна кампања, антиевропските пратенички и пратеници не гласаа ПРОТИВ, туку го одбраа комфорот на напуштање на собраниската сала. Ни збор не напишаа ниту за лицемерието на три помали партии од владејачката коалиција, иако тоа ќе беше најбезболно за нив.

Дали сето тоа значи или не мора да значи дека се дел од „специјалната операција“ против евроинтеграциите? Имајќи го сето ова предвид, дали е големо „злосторство“ да се помисли дека се „мотивирани“ од Кремљ?

Нека си одговорат барем себеси

Изгледа навистина се чувствуваат недопирливи. Но толку треба да знаат – едно е да мислиш и да се чувствуваш дека си недопирлив, а нешто сосема друго е да бегаш од одговори и одговорност.

Мислам дека треба да имаат толку интелектуална и човечка доблест да си одговорат на овие прашања, барем себеси, ако веќе толку ја потценуваат јавноста. Можеби за себе мислат дека се недопирливи, качени на „експертски“ висини до кои дојдоа со помош на милионски суми во евра од европските фондови, но тоа мене не ми значи ништо. Можеби, за да добијат нови европски пари, рашистите без мака ќе ги убедат бриселските бирократи во својата „невиност“ и „експертска објективност“, но не и мене. Како и порано, така ниту по оваа „епизода“ нема да ја убедат јавноста во своите „искрени и европски“ проекти. Луѓето не се наивни.

Не можеме и не смееме да си го дозволиме луксузот на наивноста, бидејќи се работи за европската иднина на нашата земја.

*

ПС. Ова не значи дека ќе ја променам мојата уредувачка политика. Нивните ставови секогаш ќе бидат добредојдени во мојот инбокс и ќе бидат третирани како и секогаш порано. Тоа е, меѓу другото, разликата меѓу демократското и рашистичкото општество.

ППС. Овде сакам и да им се заблагодарам на сите за поддршката на социјалните мрежи, но и за бројните пораки со пофалби, изрази на поддршка и добронамерна критика од стотици луѓе низ целата земја и од светот. Искрено БЛАГОДАРАМ! И уште еднаш, нека ни е честита големата европска победа!

Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ