• Latest

Историски ден за Северна Македонија и Албанија, Фон дер Лејен изјави дека договорот ќе биде на македонски, без фусноти, еднаков со сите 24 јазици, МНР ја објави унилатералната декларација

July 19, 2022
Фото: Скриншот од видео на Times News

Доколку излезните анкети бидат потврдени, Рафал Тржасковски и Карол Навроцки ќе се натпреваруваат во вториот круг за претседател на Полска

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на France24

Раните излезни анкети покажуваат дека центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, е на пат да победи на романските претседателски избори

May 18, 2025
Фото: Претседател на Украина

Зеленски во Рим се сретна со потпретседателот на САД Венс и државниот секретар Рубио

May 18, 2025
Фото: Х

Андриј Сибига: Вечно сеќавање на невините жртви на геноцидот врз кримските Татари, должност ни е да ја вратиме правдата и да обезбедиме одговорност за сегашните и минатите злосторства кои немаат рок на траење

May 18, 2025
Фото: Х

Амбасадорката Дир: Крим е Украина, кримските Татари се народ што се спротивставува и памти

May 18, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Емпатија кон суверенот

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Историски ден за Северна Македонија и Албанија, Фон дер Лејен изјави дека договорот ќе биде на македонски, без фусноти, еднаков со сите 24 јазици, МНР ја објави унилатералната декларација

July 19, 2022 16:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Денеска во Брисел на прва меѓувладина седница започнаа пристапните преговори за членство на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија

По 17 години кандидатски статус Република Северна Македонија утрово во Брисел ги започна преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Започнувањето на преговорите се означи со одржување на првата меѓувладина конференција што се одржа во 9:30 часот во Советот на Европската Унија, на која како предводник на македонската делегација се обрати премиерот Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Ковачевски во својата изјава пред почетокот на првата меѓувладина седница изјави дека не постои поголем патриотизам од јасната визија и план за иднината и залагањето за просперитетот на државата и на сите граѓани.

„Ја донесовме и конечната одлука со која обезбедивме зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и посебност“, посочи Ковачевски.

Пред одржувањето на меѓувладината конференција, Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Рама се сретнаа со Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала како претставник од чешкото претседателство.

Веднаш по меѓувладината конференција Ковачевски се обрати на прес-конференција.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска на својата веб страница ја објави едностраната Декларација што беше приложена кон записникот за меѓувладината седница.

Во Декларацијата, меѓу другото се наведува дека Северна Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Ковачевски: Ние практично и секојдневно го живееме мотото на Европската Унија, ние сме обединети во различностите, и длабоко се гордееме со истите

,,Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, ми претставува исклучителна чест што ја имам можноста да се обратам, на мојот мајчин македонски јазик, на денешната долгоочекувана и сосема заслужена Mеѓувладина конференција со која ги отвораме преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Денешниот ден е историски за нас. Долгоочекуван. Заслужен.

После 17 години, го правиме клучниот чекор на патот кон остварување на нашиот децениски, генерациски сон за кој огромно мнозинство граѓани, десетици наши државни лидери, политички претставници, граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и медиумски работници и илјадници државни службеници, долги години посветено работеа.“

Северна Македонија цивилизациски, географски и историски припаѓа во европското семејство. Ние сме Европа во мало, мултиетничка и мултиконфесионална функционална демократија и активно работиме за да изградиме општество во кое има место за сите. Ние практично и секојдневно го живееме мотото на Европската Унија, ние сме обединети во различностите, и длабоко се гордееме со истите.

Во духот на почитувањето на различностите, преку Охридскиот рамковен договор и последователните уставни измени, Северна Македонија создаде напреден модел кој обезбедува еднаквост во остварувањето на културните, јазичните и идентитетските права на заедниците.“, изјави меѓу другото премиерот Ковачевски во своето обраќање на првата меѓувладина седница во Брисел.“

Фон дер Лејен: Договорот ќе биде преведен на македонски јасик, без фусноти и без ѕвездички на еднакво ниво со сите 24 јазици

Северна Македонија набрзо ќе преговара со нас за Фронтекс. Се работи за распоредувањето на Фронтекс во Северна Македонија и тоа ќе ја зацврсти нашата соработка во миграцијата и Димитар може да сметате на мојата поддршка за да се осигуриме дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички на еднакво ниво со сите 24 европски јазици.“, изјави Фон дер Лејен.

Борел: На патот кон ЕУ нема да го изгубите својот идентитет

„На патот кон ЕУ нема да го изгубите својот идентитет. Никој не го изгубил. Вам не ви треба заклучоци за да го знаете тоа. Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде зголемен и надополнет со другите идентитети што не се алтернативни, туку се надополнуваат.“, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Вархеји: Вие сте успешен модел на мултиетничко општество

„Гласањето во саботата во Собранието беше решителен чекор  и доказ за вашата одлука да продолжите кон патот на ЕУ, но и сведоштво за носење на демократски одлуки во Северна Македонија.“, изјави Вархеји.

Рама: Благодарност до албанскиот народ и европските челници за поддршката

„Најпрво сакам да и се заблагодарам на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, која знаеше да се бори за нас и за сите земји-членки. Сакам да се заблагодарам на уште една Германка без која не би стигнале до тука, Ангела Меркел, на која и го честитам роденденот“, изјави Рама.

Пендаровски: Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации

„Им честитам на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда. Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата.“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Мишел: Македонци, вашата земја го прави првиот клучен чекор во преговорите со ЕУ

„Македонци, денес вашата земја го прави првиот клучен чекор на патот на преговорите со Европската Унија. Земјата презеде важни реформи и знам дека Македонците се посветени на нашата заедничка иднина во ЕУ“, наведе претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во изјавата по повод отворањето на пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СКРИНИНГ Согласно денешната агенда на владината делегација попладнето во Брисел започнува состанокот за отпочнување со скрининг процесот. На овој состанокот за скрининг воведно обраќање и образложување на позициите на државата ќе има заменик на претседателот на Владата за европски прашања – Бојан Маричиќ, а збор ќе земе и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ПОДДРШКА Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работен состанок со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, со која разговараа за можностите за заедничка соработка во делот на антикорупциските политики, дигитализацијата, како и доброто управување.

Вицепремиерката Грковска и се заблагодари на амбасадорката на Швајцарија за безрезервната поддршка и долгогодишната соработка што двете земји ја имаат на полето на унапредувањето на демократијата, транспарентноста, како и антикорупциските политики.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Најмалку шест цивили се повредени во руското ракетирање на регионот Одеса во текот на изминатата ноќ, јавува Укринформ. Седум ракети „Калибар“ биле истрелани од Црното море, при што погодено било село во овој регион. Три куќи биле уништени од бомбардирањето, а меѓу повредените лица е и едно дете. Оштетени се и училиште и културен центар.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), јави ДПА.

Во своето традиционално вечерно видео обраќање, Зеленски рече дека одлуката влијае на персоналот на СБУ на различни нивоа.

Во неделата, украинскиот претседател ги разреши шефот на СБУ Иван Баканов и главната обвинителка Ирина Венедиктова.

Тој го наведе своето незадоволство од фактот што повеќе од 60 вработени во СБУ и Обвинителството останале на териториите окупирани од Русија – нешто што властите во Киев го сметаат за предавство.

ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ

Етничката омраза од собраниската говорница

ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Етничката омраза од собраниската говорница“ утре на 20 јули 2022 година (среда) , со почеток 13 часот, во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.

На настанот ќе се говори за улогата на политичарите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво.

МРЕЖА

Забрчанец: Нека се израдува за момент и ВМРО-ДПМНЕ, барем оние кои искрено се за демократија и за Европа

„МК во ЕУ. Македонски во Европа.

Гордост за сите Македонци и за сите граѓани со македонско државјанство. Нека се израдува за момент и ВМРО-ДПМНЕ, барем оние кои искрено се за демократија и за Европа.

Нека си знаат дека се поразени оние кои со умисла или од неодговорност решија да и штетат на сопствената земја за тие да профитираат политички или материјално.

И овој пат е јасно која политичка опција ја носи земјата голем чекор напред во Европа“, објави Фејсбук Забрчанец.

Д. Т.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ