• Latest
Шумски пожари беснееја во областа Лосасио во северозападна Шпанија. Foto> Emilio Fraile/Europa Press

Зошто Европа станува жешка точка на топлотниот бран?

July 21, 2022

24 ЧАСА: Полициски притисок врз новинарите во Демир Хисар; Кондарко смета дека ни е потребен нов Изборен законик; Трамп нареди федерализирање на полицијата во Вашингтон; Украина гори, Газа гладува – а светот гледа настрана

August 12, 2025
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда ќе разговара со експерти за условите за учество на независните кандидати

August 12, 2025
фото: ВИ

МФ: Во изборен период исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци

August 12, 2025

Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

August 12, 2025

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Независни кандидати наместо партиски

August 12, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски
Фотомонтажа / А. М.

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

August 12, 2025
Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања

August 12, 2025

Локални избори 2025: Клучни рокови и обврски за институциите и медиумите

August 12, 2025

И сè ова е само почеток

August 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Зошто Европа станува жешка точка на топлотниот бран?

July 21, 2022 23:47
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, НЕПОГОДИ, СВЕТ
Шумски пожари беснееја во областа Лосасио во северозападна Шпанија. Foto> Emilio Fraile/Europa Press

Шумски пожари беснееја во областа Лосасио во северозападна Шпанија. Foto> Emilio Fraile/Europa Press

Share on FacebookShare on Twitter

Пред два месеци, Франција го доживеа најтоплиот мај досега, со рекордни максимални температури во некои градови. Минатиот месец Франција повторно беше зафатена од пролетен топлотен бран што ги зафати и Шпанија, Италија и други земји. Потоа, овој месец, екстремно високи температури ги погодија  Полска и другите делови на Источна Европа, пишува Њујорк Тајмс.

Сега температурите ширум Европа повторно се зголемуваати се блиску до трицифрена бројка во фаренхајтови степени од Шпанија до Британските острови и се шират на исток. Шумските пожари поттикнати од топлината горат во многу земји, а голем дел од континентот е во состојба на долга суша. А остануваат уште два месеци од летото.

Научниците велат дека постојаната екстремна топлина оваа година е во согласност со трендот на Топлотните бранови во Европа. Тие велат дека Топлотните бранови се зголемуваат по фреквенција и интензитет со побрзо темпо на речиси секој дел на планетата, вклучително и западните делови од САД.

Глобалното затоплување игра улога, како и во топлотните бранови ширум светот, бидејќи температурите се во просек за 2 Фаренхајтови степени  (1,1 Целзиусови степени) повисоки отколку кон крајот на 19 век, пред емисиите на јаглерод диоксид.

Освен емисијата на јаглерод диоксидот, има и други фактори кои ја вклучуваат циркулацијата на атмосферата и океанот, кои може да ја направат Европа жешка точка на топлотниот бран.

Нема два топлотни бранови кои се сосема исти. Тековните екстремно жешки температури во Англија и Велс во понеделникот, беа делумно предизвикани од регионот на воздух со низок притисок на горниот дел кој со денови е закочен во близина на брегот на Португалија. Во науката ова е познато како „cutoff low”, бидејќи беше отсечен од реката од западни ветрови, „mid-latitude jet stream“ кој кружи околу планетата на големи надморски височини.

Зоните со низок притисок имаат тенденција да привлекуваат воздух кон нив. Во овој случај, зоната со низок притисок постојано го влече воздухот од Северна Африка кон неа и кон Европа.

„Тоа пумпа топол воздух кон север“, вели Каи Корнхубер, истражувач во Земјината опсерваторија Ламонт-Доерти, која е дел од Универзитетот Колумбија.

Д-р Корнхубер учествуваше во студијата објавена овој месец, која покажа дека топлотните бранови во Европа се зголемиле во фреквенција и интензитет во текот на изминатите четири децении и го поврзуваат зголемувањето барем делумно со промените во млазниот тек. Истражувачите открија дека многу европски топлотни бранови се случиле кога „mid-latitude jet stream“ привремено се поделил на два дела, оставајќи област со слаби ветрови и воздух со висок притисок помеѓу двете гранки што е погодно за акумулација на екстремна топлина.

Ефи Руси, виш научник од Институтот за климатски истражувања во Потсдам во Германија и главнa авторка на студијата, рече дека сегашниот топлотен бран се чини дека е поврзан со таков „двоен млаз“, за кој таа рече дека е поставен над Европа во изминатите две недели. Ова можеше да доведе до создавање на таканаречениот „cutoff low“, рече д-р Руси, како и до област на слаби ветрови над Европа што дозволи топлината да опстојува.

„Се чини дека ова навистина го фаворизира создавањето на овој топлотен бран. Можеби има и други причини зошто Европа се повеќе е погодена од топлотни бранови, иако некои од нив моментално се предмет на дебата меѓу научниците. Природната климатска варијабилност може да го отежне отстранувањето на специфичните влијанија, рече д-р Руси.

Д-р Корнхубер рече дека затоплувањето на Арктикот, кое се случува многу побрзо од другите делови на светот, може да игра улога. Како што Арктикот се загрева со побрзо темпо, температурната разлика помеѓу него и Екваторот се намалува. Ова доведува до намалување на летните ветрови, што има ефект да ги прави временските системи да се задржат подолго. „Гледаме зголемување на упорноста“, рече тој.

Исто така, постојат индикации дека промените во една од главните светски океански струи, Atlantic Meridional Overturning Circulation, може да влијаат на климата во Европа. Д-р Руси минатата година објави труд кој покажа, користејќи компјутерски симулации, дека слабеењето на струјата како што се загрева светот, ќе предизвика промени во атмосферската циркулација што ќе доведе до посуви лета во Европа.

Како и во другите делови од светот, Топлотниот бран во Европа и екстремната темпрература, ја суши почвата.

Кога има малку влага во почвата, дел од сончевата енергија се користи за испарување на водата, што доведува до благ ефект на ладење. Но, кога еден топлотен бран ќе ја вшмука речиси целата влага од почвата, останува малку да испари кога ќе пристигне следниот бран топол воздух. Така, повеќе од сончевата енергија ја пече површината, додавајќи ја топлината.

Подготви: Ј. Ѓорѓиоски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ