• Latest
Владимир Путин со Ноќните волци (вклучувајќи го и Александар Залдостанов), 2012 година; извор: http://putin.kremlin.ru/

ЕУ ги проширува санкциите против Русија, на списокот и Сбербанк и националистичкиот моторџиски клуб „Ноќни волци“

July 22, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУ ги проширува санкциите против Русија, на списокот и Сбербанк и националистичкиот моторџиски клуб „Ноќни волци“

July 22, 2022 19:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Владимир Путин со Ноќните волци (вклучувајќи го и Александар Залдостанов), 2012 година; извор: http://putin.kremlin.ru/

Владимир Путин со Ноќните волци (вклучувајќи го и Александар Залдостанов), 2012 година; извор: http://putin.kremlin.ru/

Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ воведе рестриктивни мерки за дополнителни 54 поединци и 10 ентитети, меѓу кои и  Сбербанк и мото клубот „Ноќни волци“, како одговор на тековната неоправдана и неиспровоцирана руска воена агресија против Украина.

„Советот одлучи да воведе рестриктивни мерки за дополнителни 54 поединци и 10 субјекти како одговор на тековната неоправдана и неиспровоцирана руска воена агресија против Украина. Оваа одлука доаѓа како додаток на пакетот санкции „одржување и усогласување“ усвоен од Советот на 21 јули 2022 година“, се вели во соопштението за печатот на Советот на ЕУ.

Како што истакна Жозеп Борел, висок претставник за надворешна политика и безбедност, на списокот со санкции ставени се и Сбербанк и мото клубот „Ноќни волци“

„Ние наведуваме уште една голема руска банка, Сбербанк, и ја спречуваме да врши трансакции надвор од Русија. Додаваме и други поединци вклучени во неиспровоцираната агресија на Русија против Украина, како што се воени претставници, мото клубот „Ноќни волци“ и актери на дезинформации“, прецизира Борел.

Наведените лица вклучуваат високи членови на политичкиот или културниот естаблишмент како што се членовите на Државната и провинциската Дума, локални политичари како градоначалникот на Москва. Наведени се и високи воени водачи и персонал, политичари назначени на украинските територии нападнати од Русија, членови на Ноќните волци, националистички мото-клуб, пропагандисти и водечки бизнисмени.

Во санкционираните субјекти  влегуваат Сбербанк, голема финансиска институција, Ноќни волци, компании кои работат во воениот сектор или бродоградежната индустрија или се вклучени во кражба на украинско жито, и различни ентитети кои ширеле про-Кремљ и антиукраинска пропаганда.

Покрај тоа, со оглед на фактот дека сирискиот режим обезбедува поддршка – вклучително и воена поддршка – на неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Русија против Украина, Советот одлучи да наведе и шест лица и еден ентитет вклучени во регрутирањето сириски платеници да се борат во Украина заедно со руските трупи.

Севкупно, рестриктивните мерки на ЕУ во однос на дејствијата што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина сега се применуваат на вкупно 1212 поединци и 108 ентитети. Оние кои се назначени се предмет на замрзнување на имотот и на граѓаните и компаниите на ЕУ им е забрането да им даваат средства на располагање. Физичките лица дополнително подлежат на забрана за патување, што им оневозможува влез или транзит низ териториите на ЕУ.

„ЕУ цврсто стои со Украина и ќе продолжи да дава силна поддршка за севкупната економска, воена, социјална и финансиска отпорност на Украина, вклучително и хуманитарна помош“, подвлече Советот.

Релевантните правни акти, вклучувајќи ги и имињата на наведените поединци и субјекти, се објавени во Службениот весник на ЕУ.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ