ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Деновиве прочитав текст на Дојче Веле на македонски дека единствен добитник на она што се случи во Брисел е Албанија. Но прочитав доста внимателно и текст во Независен (Слободанка Јовановска е автор) дека со славеничките торти во Брисел практично издиша идејата за Голема Албанија!
И тоа е точно.
Но, ако Македонија не влезеше во преговори, а влезеше само Албанија, тогаш ќе се оствареше некоја идеја од сите балкански војни, од Првата и Втората светска војна и од 2001 година – за поделба на земјава меѓу Бугарија и Албанија…
Тоа и беше целта на ВМРО ДПМНЕ, нејзиниот трабант – Левица и многу интелектуалци кои така лесно се фатија за „патриотските идеи“. Но ништо не треба да нѐ изненади – кај интелектуалците треба да се читаат биографиите во целина, сите нивни страници.