Украина достигна толку голема поддршка што Русија нема да може да и се спротивстави, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во синоќешно видео обраќање.
Зеленски истакна дека Вториот самит на првите дами и господа се одржа во Киев.
Според шефот на државата, оваа година Самитот собра повеќе учесници. Го обедини Киев со Варшава, Брисел, Лондон, Вашингтон, обедини врвни политичари, јавни личности од други земји и украински војници, претставници на бизнисот, спортот, медиумите,
Зеленски истакна дека во современиот свет е невозможно да се помине само со вообичаената класична дипломатија, бидејќи на државата која се бори за својата независност и се потребни „мека моќ и искрена желба на различни општества“.
„И од оваа гледна точка, денес стана многу успешна. Иницијативата на првата дама на Украина за две години всушност стана традиционален формат – единствен за светската заедница. Секој го препознава потенцијалот на меката моќ. Но, само Украина успеа да ја насочи својата нескротливост, својот потенцијал во конкретна дипломатска практика. И воопшто, во овие речиси пет месеци, постигнавме толку голема и дипломатска поддршка за Украина што Русија нема да може да и се спротивстави“, рече Зеленски.
Подготви: Д.Мишев