Сите потомци на некогашните кметови на „бугарската администрација“ кои и ден денес се дел од македонската политичка елита, а и сите ние како народ заедно со нив – поради пасивноста и непреземањето ништо за да се спречи депортацијата (посебно заспаните партизани од тоа време) – треба да се извиниме за депортацијата на Евреите.
Бугарија, исто така, но не нам, туку на Евреите од Македонија.
Безобразно е ние да се изедначуваме со Евреите во тој период.
Исто, конечно да се објават архивите за сите Акциски комитети и да видиме колку од „окупаторите“ се локални (јас викам – практично сите), наши луѓе, а нивните потомци и ден денес се видни членови на нашето општество.
За да депортирате толку народ, имате локална администрација која и тоа како требала да овозможи услови.
Да се објават сите документи со сите потписи за тоа како се обезбедил монополот, како се оперирало од куќа до куќа, колку има улога локалната администрација, и кои се тоа луѓе, па и ние да се извиниме за тој хорор – ако не како држава, која сме ја немале тогаш, тогаш барем како општество.
*
Франција пак се извини, иако ја предводеше антифашистичката светска коалиција.