Денес видовме уште една гасна закана за Европа. И покрај отстапката за турбината „Северен тек“, Русија нема да продолжи со испораките на гас за европските земји, како што е договорно обврзана да прави. Сето тоа Русија го прави намерно за да им отежне што е можно повеќе на Европејците да се подготват за зимата. И ова е отворена гасна војна што Русија ја води против обединета Европа – токму така треба да се сфати. И не им е гајле што ќе биде со народот, како ќе страда – од глад поради блокирање на пристаништата или од зимски студ и сиромаштија… Или од окупација. Тоа се само различни форми на терор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.
И затоа е неопходно да се возврати. Не размислувајте како да вратите некоја турбина, туку зајакнете ги санкциите. Направете се за да ги ограничите руските приходи не само од гасот и нафтата, туку и од кој било преостанат извоз. И прекинете ги трговските врски со Русија колку што е можно, бидејќи секоја таква врска е потенцијална алатка на Русија за притисок, рече Зеленски.
Зеленски нагласи дека Гасната уцена на Европа, која секој месец само се влошува, ѝ е потребна на една терористичка држава за да го влоши животот на секој Европеец. И ова всушност може да се сфати како поттик за осмиот пакет санкции на ЕУ да биде значително посилен од неодамна одобрениот седми.
Тој информира за важни кадровски решенија кој ги донел, поточно, шефот на одбранбеното разузнавање на Украина, Кирило Буданов, ќе претседава и со Комитетот за разузнавање под претседателот на Украина. Борбениот генерал Виктор Хоренко е назначен за нов командант на силите за специјални операции на вооружените сили на Украина. А генералот Хрихориј Халахан беше префрлен во друга насока и, со цел да се ажурира Службата за безбедност на Украина, беше назначен за прв заменик-шеф на Центарот за специјални операции „А“ на Службата за безбедност на Украина.
Зеленски посебно изрази благодарност до воздушните јуришни трупи, бригадата Сичеслав, која „приземји“ два руски воени авиони и еден хеликоптер – за нешто повеќе од еден ден.
Мораме да направиме се за да го прошириме таквото „приземјување“ на сите руски авиони и ракетни производи на нашето небо, истакна Зеленски.
Подготви: Д.Мишев