• Latest

Во Тирана паѓаат трговските и бариерите меѓу луѓето, Кравињо не очекува блокади од Софија, рускиот агресор продолжува со нападите врз Одеса

July 26, 2022
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Во Тирана паѓаат трговските и бариерите меѓу луѓето, Кравињо не очекува блокади од Софија, рускиот агресор продолжува со нападите врз Одеса

July 26, 2022 16:11
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија, Албанија и Србија заедно обезбедуваат храна и струја за своите граѓани пред почетокот на кризната зима – втор ден интензивна агенда на Отворен Балкан во Тирана

„Денес во Тирана продолжува работата на меѓувладините групи и стопанските комори на земјите членки на Отворен Балкан со фокус на менаџирање и брза реакција при катастрофи и несреќи, при недостаток на храна и при енергетска криза, информираат од влсдината прес служба.
„Во услови на светска економска и енергетска криза, регионалното поврзување со цел поголема енергетска стабилност е најголемиот фокус на Владата на Северна Македонија, а истата цел ја делиме и со нашите партнери и пријатели од регионот. Наш заеднички приоритет е регионално енергетско поврзување, зголемување на енергетските капацитети како и безбедно и стабилно снабдување со енергенси кои се достапни за нашите граѓани“, велат од Владата.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи заедно со своите колеги од Албанија и Србија Арбен Ахметај и Бранислав Недимовиќ денеска во Тирана одржаа заедничка прес-конференција, по завршувањето на работата на меѓувладините групи при што истакнаа уште еднаш и на техничко и политичко ниво дека се согласивме дека пребродувањето на енергетската криза, како и справувањето со можните ефекти од војната на Украина во недостатокот на храна, заеднички ќе го адресираме и пребродиме.

Исто така, потпретседателите на Сојузот на стопански комори на Македонија, Горан Ѓоргиевски и Сашо Дукоски како дел од владината делегација учествуваа на состаноците на меѓувладините работни групи и стопанските комори во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ каде се дискутираше за детална имплементација на постигнатите договори.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Кравињо: Билатералното прашање за кое поинтензивно разговараат Северна Македонија и Бугарија е заокружено, не очекувам повторно да се покрене

„Португалија е тука и понатаму да ја поддржува вашата земја во текот на целиот процес на пристапување кон ЕУ, можете да сметате на нашата политичка, техничка и друга поддршка. Сметаме дека пристапувањето на Северна Македонија е од суштинско значење не само за Северна Македонија и регионот, туку и за ЕУ и ние сме убедени во ова и ќе ве поддржиме на секаков начин…  Мислам дека е од суштинско значење во меѓународните односи, во меѓународната политика да веруваме на дадениот збор на ставениот потпис на преземената обврска. Билатералното прашање за кое поинтензивно разговараат Северна Македонија и Бугарија е заокружено. Има заклучок, заокружувањето на тоа прашање беше обележано со меѓувладината конференција на 19 јули. Не очекувам ова прашање повторно да се покрене. Не гледам причина зошто би се покренало истото прашање. Како што кажав, верувам кога нашите партнери, колеги, други земји и кога ќе дадат збор, кога ќе потпишат документ дека ќе го исполнат. Така функционираме внатре во ЕУ затоа што во рамките на ЕУ интензивно соработуваме меѓусебно, но и со земјите кандидати за најразлични прашања. Ако почнат блокади без оглед на тоа што е договорено ќе се парализира целото функционирање“, визјави Гомес Кравињо, министерот за надворешни работи на Португалија на заедничката прес-конференција со неговиот колега од Северна Македонија, Бујар Османи.

Фон дер Лајен: ЕУ презеде одлучувачки чекор за да се соочи со заканата од целосно прекинување на гасот од страна на Путин

„Јас силно го поздравувам одобрувањето од страна на Советот на Регулативата на Советот за координирано барање мерки за намалување на гасот. Колективната посветеност да се намали за 15% е многу значајна и ќе помогне да се пополни нашето складиште однапред зима, речетаа и дополни. Покрај тоа, можноста да се прогласи состојба на тревога во ЕУ што предизвикува задолжително намалување на потрошувачката на гас низ земјите-членки даваат силен сигнал дека ЕУ ќе направи се што е потребно да обезбеди безбедност на снабдувањето и заштита на неговите потрошувачи, било да се тоа домаќинства или индустрија“, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

„Денес видовме уште една гасна закана за Европа. И покрај отстапката за турбината „Северен тек“, Русија нема да продолжи со испораките на гас за европските земји, како што е договорно обврзана да прави. Сето тоа Русија го прави намерно за да им отежне што е можно повеќе на Европејците да се подготват за зимата. И ова е отворена гасна војна што Русија ја води против обединета Европа – токму така треба да се сфати. И не им е гајле што ќе биде со народот, како ќе страда – од глад поради блокирање на пристаништата или од зимски студ и сиромаштија… Или од окупација. Тоа се само различни форми на терор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

*

Украинскиот државен институт за културно наследство создаде чет-бот за идентификација на предмети
оштетени од агресијата на руските окупаторски сили. Ботот е безбеден, анонимен и брз за користење, а исто така ви овозможува да се собираат информации од цела Украина, информираат од владината канцеларија за координација на Европска и евроатлантска интеграција.

*

Руските трупи го нападнаа регионот Одеса со стратешки авиони, објави регионалниот воен началник на Одеса, Серхи Брачук на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ. Ова е втор руски напад на регионот Одеса откако на 22 јули 2022 година беше потпишан четирилатерален договор меѓу Украина, Турција, Русија и Обединетите нации во Истанбул со цел да се продолжи извозот на жито и друга храна од украинските пристаништа.

*

Руските специјални служби градат мрежа на агенти на влијание во земјите од поранешниот СССР за да водат малигни кампањи против суверенитетот и националните интереси на целните нации, вели Олександр В. Даниљук, раководител на Центарот за одбранбени реформи, координатор на Меѓуресорската платформа за борба против хибридни закани, која работи во рамките на соработката Украина-НАТО, повикувајќи се на украинското разузнавање, пренесува Гилдхал.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ  Годинава се одбележуваат 59 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година. Во земјотресот загинаа 1.070 лица, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади скопјани останаа без своите домови.

КАЗНИ Седум од осум обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, денеска признаа вина пред Кривичниот суд.  На седуммината кои признаа вина, Судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело.

ИЗВЕШТАЈ Пристаништата со контејнери во Југо-Источна Европа стануваат сè по поранливи на трговија со недозволени стоки, се вели во извештајот насловен „Порозни пристаништа: Истражување на
поморските балкански патишта“, публикуван денеска од Глобалната Иницијатива Против
Транснационалниот Организиран Криминал.

ИЗЈАВА Унилатералната изјава за јазикот е политичка изјава на МНР. Значи, таа не е историска изјава во која што историчарите треба да кажат историска вистина, туку политичка изјава во која што трите најважни елементи, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

БАРАЊЕ Коалицијата Менуваме бара зголемување за 35 проценти на додатокот на попреченост кој во моментов изнесува 7.100 денари и за исто толку и посебниот детски додаток, кој сега изнесува 5.100 денари.

РАТИФИКАЦИЈА На собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно беа усвоени Предлог-законите за ратификација на Протоколите кон Северноатлантскиот договор на Кралството Шведска и Република Финска.

ОДБРАНА Четириесетина семејства на припадници на Армијата и Министерството за одбрана (МО) кои се корисници на станови што потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот што потекнува од ЈНА денеска се стекнаа со сопственост на нивниот имот.

МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

Алаѓозовски: Лекот против национализмот е почитување на различноста и вредноста на другите

„Почитување на вредноста на другите и различноста е лекот против национализмот. Нема друг одговор против национализмот, само ако луѓето сватат дека ги почитуваме сите, но и дека сите сме заедно во ова“, вели вели Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за интеркултурулизам и едно општество во Владата на Република Северна Македонија, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Национализмот на политичката улица“, (на 15 јули 2022).

МРЕЖА

Колозова: Теориите “имаме алтернатива” ви ги поддржува само Лавров

„Место кратковидо да персонализирате за Верхеји, ко на времето за Јоханес Хан, прашајте се:

а) Зошто е ВМРО-ДПМНЕ кај Орбан денес?

б) Зошто од Франција до Вишеград до Орбан до Бајден има консензус за наше интегрирање, зошто оваа порано незамислива усогласеност по едно прашање?

в) Сфатете дека НВО иницијатива (Отворен Балкан) не е замена за вистинска геополитика, само благородна идеја на дополнување на сликата од точка (б).

г) Сфатете дека теориите “имаме алтернатива” ви ги поддржува само Лавров а секоја злоупотреба на идејата Отворен Балкан која му одговара на господинот Лавров на крај ќе ви се тресне од глава.

Ова неекспертски кажано, вака ко пред кооперација…“, Катерина Колозова на Фејзбук.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ