• Latest

Зеленски: Украинската храброст ги инспирира сите слободни народи и само замислете колку ќе биде инспиративна нашата победа

July 27, 2022

ЕУ ги оцени локалните избори во Северна Македонија како конкурентни, но во високо поларизирачки политички амбиент

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина и Индија го ограничуваат купувањето руска нафта откако Трамп воведе санкции за Роснефт и Лукоил

October 24, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Украинската храброст ги инспирира сите слободни народи и само замислете колку ќе биде инспиративна нашата победа

July 27, 2022 10:53
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Храброста на Украинците е инспирација за сите слободни народи и можеме само да замислиме колку инспиративна ќе биде победата на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање во вторникот навечер.

Зеленски на почетокот на обраќањето истакна дека окупаторите повторно ја нападнаа Одеската област, повторно со ракети врз обичните куќи. Ракети дизајнирани да уништуваат воени бродови и други значајни цели. Токму со толку тешко оружје руската армија го уништува обичниот приватен сектор во близина на морето. Таму живееле и одмарале луѓето…

И ние задолжително ќе возвратиме за ова, без разлика што лаже руското Министерство за одбрана за таквите удари. Постојаниот руски терор врз Харкив и областа, Миколаев, градовите и селата од Запорожката област, Днипропетровската област, Донбас, пограничните региони на Сумската област и Чернигивската област – сето тоа нема лесно да им помине на окупаторите,м нагласи Зеленски.

Понатаму, тој посочи дека веќе четири месеци руската држава не им соопштила на своите граѓани никакви информации – дури и цензурирани – за загубите на окупаторскиот контингент. Целосно молчење. Ништо не беше објавено или кажано во бројни интервјуа и говори на политичко и воено ниво. Сепак, оваа бројка изнесува веќе речиси 40.000 – толку луѓе изгубила руската армија убиени од 24 февруари. И уште десетици илјади ранети и осакатени.

И ако руската држава не го каже ова официјално, па дури и генерално, тогаш тоа значи дека секој и секоја што сè уште има некакви контакти во Русија или информативно влијание врз нивното општество треба да им го пренесе овој едноставен факт на оние на кои можеби. Само 40 илјади окупатори беа убиени, рече Зеленски.

Тој информира за одлуката на Британија да го прошири списокот со санкции против Русија. Беа додадени уште десетици луѓе и организации. Тој нагласи дека ова е вистинскиот тренд, и се заблагодари на Британија за нејзината непроменлива цврстина во прашањата за санкциите. Ова е пример што треба да го следат сите останати во западниот свет.

Сопред Зеленски,  денешната вест за уште едно испровоцирано поскапување на гасот на европската берза над 2.000 долари за 1.000 кубни метри е веќе доволна причина за проширување на санкциите против Русија. Затоа што на сите им е јасно дека ова е намерен ценовен терор на Русија против Европа. Користејќи го „Гаспром“, Москва прави се за оваа зима да биде најтешка за европските земји. Неопходно е да се одговори на теророт – да се одговори со санкции.

Зеленски информира за одржаните преговори со Претседателот на Уругвај,, за прв пат во историјата на меѓудржавните односи меѓу Украина и Уругва. Тој му се заблагодарил за поддршката во меѓународните организации и го повикал Уругвај, како и другите во регионот на Латинска Америка, да воведат санкции против Русија. Ќе направиме се за да не остане ниту еден регион во светот каде што нема да ја знаат вистината за руската агресија. Веќе имаме комуникација со Чиле, Парагвај, Костарика. И сега – Уругвај. Да ја продолжиме оваа работа.

Зеленски го спомена и свеченото доделување на наградата за лидерство „Винстон Черчил“ што се одржа во Лондон со учество на Премиерот Борис Џонсон, и изрази уверување дека ова е чест за сите  херои, за целиот народ, за сите нас, кои секој на свое ниво се спротивставува на тиранијата, и навистина му претставувало чест што ја примил оваа награда.

ДИсто така и во Холандија – земја за чие разбирање се работеше долго време – украинскиот народ беше почестен со уште една награда – специјална холандска награда за независност. Украинскиот амбасадор ја прими во име на Украинците. Овие иконски работи особено ги одразуваат радикалните промени во односот кон Украина што се случија во светот.

Нашата храброст е навистина инспирација за сите слободни народи и за заедницата на демократии воопшто. И само замислете колку ќе биде инспиративна украинската победа, истакна Зеленски.

Зеленски соопшти дека вечерта потпишал указ со кој ги наградил нашите војници. На 198 учесници на борбени дејствија им беа доделени државни награди на Украина, од кои на двајца постхумно.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ