• Latest

(ВИДЕО) Проф. д-р Људмил Спасов: Да се избегнуваат замките од политичарите кои се борат за многу приземни цели

July 27, 2022

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025

Тинејџери шетаат со пиштоли на улица и во кафуле – полицијата интервенира, но каде е системот?

September 7, 2025
Фото: МВР

Пијан возач со тротинет удри во толпа на протест против „Вардариште“ во Аеродром

September 7, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Вучиќ го разреши „непослушниот“ командант на антитерористичката единица Спасоје Вулевиќ

September 7, 2025

Во болницата во Кочани се задржани четири пожарникари, осуммина се на Токсикологија во Скопје

September 7, 2025

(Видео) Русија погоди владин објект во Кијив, загинаа три лица меѓу кои и едно бебе

September 7, 2025

САД со нови предлози за примирје и ослободување на заложниците во Газа

September 7, 2025

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

September 7, 2025

Пожарот во „Винчини“ ставен под контрола, повредени неколку пожарникари – згазиле во стопен шеќер

September 7, 2025

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Проф. д-р Људмил Спасов: Да се избегнуваат замките од политичарите кои се борат за многу приземни цели

July 27, 2022 19:25
in ИНТЕРВЈУ, НАУКА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тековните политички препирки во јавноста се само еден од поводите за интервју со проф. д-р Људмил Спасов. Тој зад себе има импресивни научни достигнувања во областа на лингвистиката. Спроведува бројни истражувања за историјата на македонскиот јазик, дијалектите и низа други области во науката за јазикот и литературата. Со проф. Спасов разговараме за само два од неговите бројни научно-истражувачки проекти, разјаснивме неколку „основни поими“ како што се дијалектите и стандардниот јазик, како и за мотивите на оние што ги користат идентитетските прашања во тековните политички превирања на прагот од преговорите за членство во ЕУ.

Во опширното интервју со универзитетскиот професор Спасов кој, меѓу другото, е и претседател на Советот за македонски јазик, тој одговара на повеќе прашања поврзани со неговата научна работа во областа на лингвистиката, како и за актуелни општествено политички теми.

Тој гласно и јасно ги разграничува науката и политиката, што во овој клучен период е исклучително важно за општеството. Неговите ставови се засновани на неговото искуство како научник и општественик и можат да помогнат во разрешувањето на дилемите поврзани со македонските позиции во интеграцискиот процес во ЕУ.

Дебатата за идентитетските прашања во контекст на почетокот на преговорите за членство во ЕУ беше искористена за гола политичка пресметка меѓу антизападни инсталации и структури во земјата кои ги обвинуваат прозападните политички и општествени сили за предавство. Притоа, се користат „аргументи“ со кои се докажува „предавството“ на македонскиот јазик и идентитет. Но тврдењата за „губењето на јазикот и идентитетот“ се наивни. „Аргументите“ дека со дипломатската нота (Унилатералната декларација), политичките лидери на земјата се откажале од Македонците, од јазикот и идентитетот се погрешни.

„Овие работи се учат од 5-то до 9-то одделение. Кој ги научил добро, кој не ги научил негова е грешката, бидејќи морал да ги научи“ – вели Људмил Спасов во интервјуто за Цивил Медиа – „Кој ги научил добро, кој не ги научил негова е грешката бидејќи морал да ги научи. Сега се достапни и преку интернет, зборувам за официјалните сајтови. Има милион и една дискусија, милион и една паметна работа и милион и една глупост.“

Проф. д-р Спасов објаснува како јазиците влијаат едни на други во текот на историјата и како доаѓа до развивањето на една нова наука во 19-от век што се нарекува Балканистика.

„Постои народен јазик, постои географски простор во којшто се простира еден јазик, но тој јазик не се простира само таму, барем на овие простори секогаш е комбиниран со некои други јазици што е нормално. Тие јазици меѓусебе сакале и не сакале си влијааат и затоа не случајно во 19 век е развиена науката што се именува Балканистика којашто сака да покаже дека овие јазици мешајќи се  меѓусебе се ускладиле. Тоа било огромно откритие пред крајот на турското царство. Меѓутоа секаде имаме мешање на јазиците и мешање на луѓето, барем во европската географија како во Шпанија, Португалија, Франција…“ – вели проф. Спасов.

Понатаму, соговорникот на Цивил Медиа го појаснува и поимот стандарден или литературен јазик. Тој го истакнува и значењето на Крсте Мисирков кој во својата книга „За македонцките работи“ ги удира темелите на создавањето на македонскиот стандарден јазик.

„Постои дијалектологија или географска лингвистика, меѓутоа кога постои држава мора да постои еден јазик што е стандардизиран, литературен јазик. Тој јазик има свои стандарди и служи на администрацијата, на војската, во науката во официјалната комуникација во политиката, тоа е стандарден јазик. Ние го имаме стандардниот македонски јазик, за првпат стандардизиран во 1903 година, со познатата книга на Крсте Мисирков „За македонцките работи“. Мисирков вели – јазикот на оваа книга од сега натаму ќе биде за мене македонцки литературен јазик. Мисирков вели, ако Македонецот од северна Македонија му подаде рака на македонецот од јужна Македонија, од западна на источна, тие ќе се вкрстат на оската Битола-Прилеп. Мисирков ги нагласува централните говори на западно-македонското наречје. Тоа е стандардниот македонски јазик, се базира на овие дијалекти“ – објаснува проф. Спасов.

Оттаму, станува јасно што значи македонски стандарден јазик и како тој се употребува во меѓународната комуникација. Тврдењата што ги изнесува опозицијата и ним блиските интелектуалци се без основа во општо прифатените дефиниции и принципи за меѓународна и дипломатска комуникација.

„Во меѓународната комуникација, сè она што се потпишува надвор од државата ако се работи за македонски јазик се потпишува на македонскиот стандарден јазик. Тоа е ситуацијата помеѓу дијалектите и стандардниот јазик и сè она што е меѓународна официјална комуникација се прави на стандарден јазик“ – појаснува проф. д-р Људмил Спасов во интервјуто за Цивил Медиа.

Во интервјуто за Цивил Медиа, универзитетскиот професор Спасов повлече извонредни паралели, посочи историски примери и одржа добра лекција за оние што не ги научиле лекциите уште во основно училиште.

Проф. Спасов ги препознава злоупотребите на научните и стручните звања за да се влезе во политичка битка. Тој се согласува дека актуелните превирања се последица од антизападни, односно анти-ЕУ тенденции и дека тоа се интереси раководени и од странски центри што работат спротивно на македонските национални интереси.

Проф. д-р Људмил Спасов заклучува дека луѓето не треба да дозволат да бидат инструменти во рацете на оние што имаат приземни мотиви.

„Луѓето, посебно младите треба да ги избегнуваат замките, да не дозволат да станат инструменти на политики што не се добри, не се позитивни, туку се борат за многу приземни цели“ – заклучи проф. д-р Људмил Спасов во интервјуто за Цивил Медиа.

Разговараше: Џабир Дерала
Камери, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети


Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ