• Latest

Зоран Иванов до Елка Јачева-Улчар: Факти, професорке, факти! Не инсинуации, претпоставки, веројатности…

July 27, 2022
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Зоран Иванов до Елка Јачева-Улчар: Факти, професорке, факти! Не инсинуации, претпоставки, веројатности…

Познатиот новинар и аналитичар, Зоран Иванов, ѝ одговори на проф. д-р Елка Јачева Улчар, која на социјалните мрежи му упати дрско и навредливо писмо.

July 27, 2022 23:07
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ви благодарам професорке д-р Улчар за вниманието и за можноста со неколку зборови да Ви се обратам на страницата на која сте ми посветиле внимание: Прво, констатирам дека ништо не демантиравте, ништо. Со тоа што нема што да демантирате само го потврдувате мојот исказ во врска со документот што македонската влада преку МНР го испратила во Брисел. Ништо не спорите, ниту еден факт што е содржан во таа таканаречена дипломатска нота, значи нота, а не научна студија за македонскиот јазик.

Ништо од содржината. Ниту фактот дека, цитирам: Литературниот македонски јазик е кодиран во 1945 година“. (Точен е податокот или не?)

Ниту тврдењето во документот, (научно, позајмено и од вас научниците потписници на т.н. „проглас“) дека „македонскиот јазик има свој јазичен, ПРОСТОРЕН и временски континуитет“ … „овој континуитет се заснова на специфичниот развој на ДИЈАЛЕКТИТЕ што се во негова основа и биле распространети на територијата на денешна РСМ“. Значи, дијалектите кои ги дефинирала и Комисијата предводена од Великанот Конески, а тие, знаете подобро од мене и Вие и сите потписници на памфлетот, се прилепски, велешки, кичевски, битолски, (тоа сум го учел од вас лингвистите, ако сте грешеле, еве грешам и јас). Точно или не?

Натаму, документот се однесува на македонскиот литературен јазик кој е и службен јазик на РСМ пријавен и во ООН. Во документот упатен во ЕУ никаде не стои дека тој јазик нема и други дијалекти и дека македонскиот јазик не се зборува, попрецизно, дека Македонците надвор од матичната држава не го зборуваат. Напротив, во документот прецизно стои дека македонскиот јазик, цитирам: „… низ векови (македонскиот јазик) растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, НАЦИОНАЛЕН стандарден јазик на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД“, точно или не?

Ете тоа се фактите, наспроти Вашите и инсинуациите на потписниците на прогласот. Патем, и Вие не се симнувате од медиумите па следната прилика објаснете дека документот за македонскиот јазик е со чисти факти, дека е дипломатска нота, а не научна дисертација, дека во овие околности е наменски за потребите на македонските ЕУ интеграции, дека нашиот македонски јазик е запишан и на светско ниво рамноправен во ООН, дека станува рамноправен и признат и во ЕУ, (26 и засега минус една држава), дека наспроти бугарските шовинистички негирања македонството идентитетски влегува во ЕУ.

Факти професорке, факти. Од Вас како Врвен државен едукатор, (и од вашите потписници), се очекува да презентирате факти, факти, а не инсинуации, претпоставки, веројатности…

Професорке Улчар, ако намерата Ви беше, очигледно Ви беше, (можеби по „задача“, можеби не, не знам), да ме истурите и заедно со „Вашата јавност“ да ме исплашите, поколебате, масакрирате, навредувате, да ми подметнувате, па не знам, можеби мислите дека сте успеале.

Не.

Само успеавте да ги изманипулирате и да ги „наговорите“ неупатените што карактерно упатува на Вас, не на мене.

Ви посакувам среќни денови почитувана професорке Улчар!


Текстот е одговор на јавното обраќање на Е. Јачева – Улчар до Зоран Иванов, објавено и на овој линк.

Текстот е личен став на Авторот. Илустрацијата е избор на уредникот. Дозволено е преземање на текстот, според условите на Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ