Моќта на демократскиот свет – меѓународните партнери кои обезбедуваат модерно и ефективно оружје за Украина – добро се чувствува на бојното поле на земјата овие недели, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето до нацијата во понеделникот навечер.
Зеленски информира дека ситуацијата на бојното поле не претрпе значителни промени во текот на изминатиот ден. Продолжуваат жестоките битки во Донбас, во регионот Харков, борбата за југот на нашата земја продолжува…
Украинската артилерија и разузнавање веќе направија многу за да го намалат огнениот потенцијал на окупаторите – и тоа е опипливо. Денеска сакам да им се заблагодарам на сите наши воини кои ја уништуваат руската логистика, кои ја уништуваат муницијата на окупаторот и кои не им оставаат на окупаторите ниту едно безбедно место на нашата земја, истакна Зеленски.
Тој им се заблагодари на партнерите сега – на сите што ја снабдуваат Украина со модерна и ефикасна артилерија и MLRS. Моќта на демократскиот свет добро се чувствува на бојното поле во Украина овие недели.
И денес се одржа уште еден разговор во формат Украина – САД – три на три – Андриј Јермак и Џејкоб Саливан, Дмитро Кулеба и Антони Блинкен, Валери Залужни и Марк Мили. Ова е нашиот континуиран формат, кој веќе ни овозможи да дадеме фундаментален придонес во заштитата на целиот слободен свет. Ги координиравме следните чекори за поддршка на Украина, нагласи Зеленски.
Подготви:Д.Мишев