• Latest

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, да знаев немаше да го дозволам

August 8, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, да знаев немаше да го дозволам

August 8, 2022 14:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Она што се случи, иако беше согласно со одредбите на законот, беше погрешно. Не знаев за тоа, и очигледно, никогаш немаше да го дозволам, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за следењето на мобилниот телефон на европратеникот и сегашен лидер на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис , јави дописничката на МИА од Атина.

Во видео изјавата, грчкиот премиер објасни дека пред неколку дена бил информиран дека од септември 2021 година, три месеци, Националната разузнавачка служба легално го следела мобилниот телефон на Никос Андрулакис, додека сè уште беше европратеник, а пред да биде избран за лидер на партијата.

Постапката за следење, како што посочи Мицотакис, била одобрена од висок обвинител, токму како што е предвидено со одредбата од законот донесена во 2018 година од претходната влада.

Следењето траело три месеци и автоматски било прекинато, како што налага законот, неколку дена откако Андрулакис беше избран за претседател на ПАСОК-КИНАЛ.

-Иако сè беше законски, Националната разузнавачка служба ја потцени политичката димензија на конкретната постапка. Тоа формално беше адекватно, но политички неприфатливо. Не требаше да се случи, предизвикувајќи пукнатини во довербата на јавноста во Службите за национална безбедност, рече Мицотакис.

Додаде дека иако целиот процес се однесувал на истакната политичка личност, постоеле недостатоци во управувањето со постапката и затоа беше сменет директорот на Службата, додека пак генералниот секретар на Владата, според Мицотакис, со оставката, „ја презеде објективната политичка одговорност“.

Дополнително, грчкиот премиер, рече дека случајот „сепак го истакна недостатокот на дополнителни филтри во работењето на разузнавачките служби“ и презентираше предлози за промени во работата на Националната служба за разузнавање (ЕИП).

-Прво, зајакнување на отчетноста на ЕИП и на надзорот на Парламентот преку Комисијата за институции и транспарентност. Второ надградување на улогата на Советот за национална безбедност за подобро искористување на информациите и на ЕИП. Трето, заштитување на рамката за легитимни следења за политичките личности. Четврто, промени во внатрешноста на ЕИП за зајакнување на внатрешната контрола, на транспарентноста, екстровертноста и на обуката на нејзиниот персонал, рече Мицотакис, додавајќи дека е отворен за секакви креативни идеи и предлози за зајакнување на транспарентноста на тајните служби на земјата.

Дополнително истакна дека придонесот на Националната разузнавачка служба е важна и се рефлектира во подготвеноста на Грција да се соочи со предизвиците „како оние во Еврос или во Егејското Море“.

-Ќе бидам искрен со вас. Постојат многу непријатели на земјата кои демнат и кои би сакале слаба Национална разузнавачка служба. А ако некои мрачни сили вон Грција разработуваат било каков план за дестабилизација на земјата, да знаат дека Грција е и силна и институционално заштитена, порача грчкиот премиер.

Директорот на Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) Панајотис Кондолеон и генералниот секретар на грчката Влада Григорис Димитриадис во петокот си поднесоа оставки, а опозициските партии СИРИЗА и ПАСОК-КИНАЛ сметаат дека главната одговорност за следењето на мобилниот телефон на Андрулакис, ја има токму Мицотакис.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ