• Latest

Зеленски: По оваа руска војна против Украина, не треба да остане ниту тлеечки, ниту замрзнат конфликт

August 9, 2022

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: По оваа руска војна против Украина, не треба да остане ниту тлеечки, ниту замрзнат конфликт

August 9, 2022 12:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве се памети руската војна против Грузија во 2008 година. Многу се зборува за предусловите на таа војна, за нејзините последици. За тоа како тогашното одбивање на Украина и Грузија да им се обезбеди Акционен план за членство во НАТО ја зголеми дрскоста на руското раководство. Но, сепак, војната во тоа време сè уште не стана историја, не се повлече целосно во минатото. Затоа, неопходно е да се зборува не толку за тоа што се случило, туку за тоа што може да се направи, изкави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.

Тој посочи дека предизвиците од тоа време се многу актуелни и денес. И не само затоа што заканата од натамошна руска агресија во овој дел на Кавказ сè уште постои, иако тој е замрзнат. Дури сега светот почна да ја сфаќа потребата од вистински, ефективни инструменти за да се спречат ваквите агресии и да се изведат сите агресори пред лицето на правдата.

Исто така, потсети дека 2008, 2014, 2022 година – војните што започнаа во овие години имаат различен обем и природа, но едно значење на она што се случи: регионалните и глобалните безбедносни механизми не функционираа.

Претседателот нгласи дека затоа е толку неопходен принципот на превенција во меѓународните односи, на што инсистиравме многу долго и пред 24 февруари. Ако веќе е јасно дека некоја држава подготвува агресија – неправедна, неиспровоцирана, незаконска, тогаш реакцијата на светот на нејзината подготовка треба да биде иста како и на агресијата што се случи. Неопходно е да не се чекаат удари и жртви, туку да се дејствува за да се спречи војна.

По оваа руска војна против Украина, не треба да остане ниту тлеечки, ниту замрзнат конфликт. Ова е важен заклучок. Украина мора да врати се што Русија привремено заплени, а државата агресор мора да биде казнета за злосторството агресија. И ова е важно не само за правдата, нгласи Зеленски. Само очигледниот пораз на агресорот, губењето на се што е заробено од него и неговата меѓународна правна одговорност за агресија се заштитни мерки против каква било војна.

Тој ја спомена и работата на дипломатите, Канцеларијата, владините претставници и апсолутно сите вклучени во организирањето на глобален политички, економски и правен одговор на руската агресија.

Заштитувајќи ја нашата држава, ние автоматски ги заштитуваме сите на кои веќе им се заканувале или се уште може да бидат загрозени од терористичка држава, вели Зеленски. И, се разбира, најголем придонес сега има војската – сите украински херои кои ја разбиваат руската терористичка машина на бојното поле.

Претседателот им се заблагодари на украинските противвоздушни сили на Воздухопловната команда „Центар“ и Воздухопловната команда „Југ“ за успешното уништување на руските ракети кои беа лансирани утрото од водите на Црното Море. Четирите соборени Калибри се десетици спасени животи на Украина. Исто така, беше можно да се соборат дел од ракетите што руските терористи ги лансираа во Украина во текот на денот и ги лансираа вечерта.

Истовремено, тој потсети дека воени средства сè уште не се доволни за да гарантираат соборување на сите руски ракети.

И ќе направиме се за да се појават такви средства кај нас. Но, дури и сега, вештината на нашите херои овозможува, барем делумно, да се намали руската терористичка закана. Благодарност до секој и секоја кои што ова го обезбедуваат!, истакна Зеленски.

 За гранатирање и минирање на постројките на нуклеарната централа Запорижја, Зеленски истакна дека активно го информираат светот за руската нуклеарна уцена и веќе има соодветни реакции од меѓународната заедница.

Но, вели тој, неопходно е да се забрзаат активностите како одговор. Русија нема да обрнува внимание на зборови и грижи. Потребни се нови санкции против терористичката држава и целата руска нуклеарна индустрија за создавање закана од нуклеарна катастрофа. Светот не треба да заборави на Чернобил и да запомни дека АЕЦ Запорижја е најголема во Европа. Катастрофата во Чернобил е експлозија во еден реактор, АЕЦ Запорожја е шест енергетски единици.

Зеленски информираше дека одржал преговори со Претседателот на Боцвана – први во историјата на нашите билатерални односи. Разговарале за соработката во ОН и другите меѓународни организации, се заблагодарил за осудата на руската агресија. Го уверил Претседателот дека Украина е подготвена да продолжи да биде гарант за светската безбедност на храната.

Тој соопшти дека спроведувањето на иницијативата за извоз на жито продолжува – денес за прв пат од 24 февруари натоварен брод тргна од пристаништето Пивдениј. Во моментов, постојат сите шанси да се обезбеди ритам на таквиот извоз. Сепак, клучна работа е, како и претходните денови, способноста на партнерите да спречат какви било обиди на Русија да го наруши извозот и повторно да ја влоши глобалната криза со храна.

Претседателот ги потсети сите аграри, сите работници на пристаништата, сите оние кои се вклучени во сродните индустрии и сите оние кои коментираат за ова, дека извозот на морето беше во можност да се врати пред се благодарение на украинските војници кои го заштитија соодветното водно подрачје:  разузнавачи, специјални сили на силите за специјални операции и „Алфа“ на СБУ, артилерци, морнарицата, Воздухопловните сили на Вооружените Сили на Украина, граничарите и целата херојска армија што ја брани државата.

Тој го објави новиот пакет американска поддршка за Украина во износ од една милијарда долари. Тие вклучуваат ракети за ХИМАРС, муниција за артилерија и многу други навистина корисни работи. Му се заблагодари на Претседателот Бајден и на целиот народ на Соединетите Држави за оваа поддршка, од која 100% се користи за заштита на слободата, нашата заедничка слобода.

Зеленски потпиша нов указ за доделување награди на учесниците во борбените дејствија. На 183 наши бранители им беа доделени државни награди, четворица постхумно.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ