• Latest

Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ за годишнината од Охридскиот договор

August 11, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ за годишнината од Охридскиот договор

August 11, 2022 22:27
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележувањето на 21-та годишнина на Охридскиот договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја организира Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“. Училиштето ги отвори вратите за младите во Маврово и се одржува од 10-ти до 12-ти август, додека се планира да се претвори во традиционална организација заедно со „Peace Festival” што ќе се одржи на 13 август на плоштадот Скендербег во Скопје.

Во рамките на Школата за млади лидери, предавања пред младите учесници одржаа проф. д-р Лидија Георгиева, проф. Др. Гордан Георгиев, Џелал Хоџиќ, Роберт Алаѓозовски, Проф. Др. Јусуф Зејнели, проф. Др. Ризван Сулејмани, доц. д-р Ведије Раткоцери и Џабир Дерала.

Заменик министерот Џабир Доко на отворањето истакна дека ова училиште претставува можност за младите да стекнат нови знаења за настаните во општеството.

„Имав задоволство да им се обратам на младите учесници кои се движечка сила на општеството. Ова школо претставува можност за младите да стекнат нови знаења за настаните во општеството. Им посакувам успех во деновите што следат и очекувам соработката да продолжи и во иднина“ – нагласи Доко.

За Охридскиот договор и неговата долговечност зборуваше професорката на Филозофскиот Факултет, Лидија Георгиева. Георгиева истакна дека треба да им се оддаде признание на оние кои го спроведоа овој договор што донесе мир во нашата земја.

„Мора да им се оддаде признание на “актерите“ кои го реализираа и спроведоа Охридскиот договор. Имаме договори кои траат само еден месец, тоа се лоши договори“, рече Георгиева, која истотака додаде дека секогаш треба да се бараат што е можно подобри решенија.

Професорот на Факултетот за правни и политички науки и поранешен политичар, Гордан Георгиев, на предавањето на тема „Лидерството во комплицирани политички времиња“, зборуваше за тоа кои се главните постулати на лидерството, како да се следи и да се стане лидер, истакнувајќи дека “21 век е век на лидерска криза“. За да биде долгорочен и добар лидер, лидерот мора да има механизам да ги слуша луѓето околу него, дури и она што не сака да го слушне и да замине во вистинско време!“, рече Георгиев.

Поранешниот министер за култура и национален координатор за политики за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, во своето предавање на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ истакна дека приоритетите и целите треба да бидат насочени кон ревизија на актуелните закони и законски рамки и нивна реафирмација.

„Нагласени се неколку проблеми, како што е недоволната застапеност на помалите заедници и непочитувањето на сите права што им се дадени на заедниците со Уставот и Охридскиот рамковен договор. Во стратегијата се споменуваат недостигот на капацитети, недовербата на граѓаните во судството и неспроведувањето на актуелните закони”, кажа Алаѓозовски.

На вториот ден од Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ предавање на тема „Интегративни процеси“ одржа заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на немнозинските заедници, Џељјо Хоџиќ. Тој рече дека Охридскиот рамковен договор целосно ја промени нашата држава. Развојот на општеството зависи од интеграцијата на заедниците во него, дека различноста е наше богатство и целта е да изградиме општество со еднакви можности.

„Камениот мост во Скопје го поврзува градот и на Турците им требаа 8 години да го изградат мостот во тоа време, додека Чаршијата беше изолирана 8 години, потребни беа 8 години за да се изгради комуникација помеѓу двете народи бидејќи имаше разни дезинформации и токму тоа влијаеше за да се продлабочат поделбите, затоа политиката, медиумите и пропагандата се поврзани заедно една со друга, истакна меѓу другото Џабир Дерала од Цивил.

Универзитетскиот професор Јусуф Зејнели зборувајќи за Охридскиот договор и неговите достигнувања, 21 година по неговото потпишување, рече дека благодарение на Охридскиот договор сме безбедна земја и не сме загрозени од војните што ги има околниот регион.

„Благодарение на Договорот потпишан пред 21 година, ние сме членка на НАТО и го олеснивме патот на интеграција во Европската унија” – истакна Зејнели.

Живот во една мултикултурна земја во која заедно ги уриваме сите бариери, нема подобар начин од ова што го гледаме денес. Од таа средина каде што комуницирате заедно, ги доживувате тие вредности, само така може да дејствувате бидејќи работите се прават со добар менаџмент и ова школо ви дава знаење за мултикултурниот живот, покажува што е интеграција и нашата земја е токму пример за цел свет, истакна меѓу другите во своето предавање проф. Др. Ризван Сулејмани.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ