• Latest

ЗНМ: Осуда за заканите и навредите кон новинарката Илинка Иљоска од Мета

August 15, 2022

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ: Осуда за заканите и навредите кон новинарката Илинка Иљоска од Мета

August 15, 2022 22:00
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува заканите и навредите од страна на вработени во Комунална хигиена Скопје кон новинарката Илинка Иљоска од Мета новинската агенција.

ЗНМ бара од Комунална хигиена Скопје да покренат дисциплинска постапка против одговорните лица за вербалниот напад врз новинарката Илинка Иљоска. Исто така, бараме од оваа институција да направи план за активности за едукација на вработените на теми од јавен интерес и однос кон граѓаните бидејќи не е прв пат од Комунална хигиена Скопје да реагираат на вакови или сличен начин кон граѓаните.

Според информациите кои колешката Иљоска ги сподели со нас, утрово додека одела на работа, го фотографирала расфрланото ѓубре и метлите што биле потпрени на кантата за отпад во паркот пред нејзината зграда. Во тоа време, вработените во Комунална хигиена Скопје кои што биле во паркот, на одредена оддалеченост ја забележале како фотографира и тргнале во нејзина насока.

„Само што стасав на станицата улицата ја помина еден човек во цивилна облека и еден од чистачите. Тој во цивилна облека ми се претстави дека е раководител на што јас му се претставив со име и презиме, му кажав дека работам во Новинска Агенција Мета и му реков – повелете кажете што треба“, вели Иљоска.

Лицето кое се претставило дека работи во КХС, побарало од новинарката да ги избрише фотографиите и на висок тон да се расправа со неа, велејќи и дека не смее да фотографира веќе никогаш. Иљоска му рекла дека фотографирала на јавна површина и дека нема ознака дека е забрането фотографирање.

„Ми кажа дека знае која сум и дека и од друга екипа, од службата што е задолжена преку општината за косење на зелените површини знаат за мене и ме фотографираат кога се жалам дека не си ја вршат работата. Ми рекоа дека ќе видам што ќе ми се случи следниот пат кога ќе го шетам кучето. Се расправаа со мене сè додека не дојде автобусот за да ме испратат со зборовите: Ај влези си во автобус и друг пат да не правиш така“, стои во изјавата на колешката.

Новинарката Илинка Иљоска заради загриженост за сопствената безбедност и безбедноста на семејството, со веќе реализирана правна помош и советување од страна на ЗНМ, ќе го пријави случајот во полициска станица.

„Не само што јас лично не се чувствувам безбедно, туку заканата ја сфатив дека може да ми го отрујат или повредат миленикот. А стравувам дека и моите деца се во опасност затоа што и тие често го шетаат кучето. Ова не им се случува прв пат. И друг пат ми довикуваат и се жалат на нивните претпоставени кога фотографирам како не си ја вршат должноста. Но, ова денес беше прв пат да се осмелат да ми пристапат и грубо да бараат да бришам фотографии и да ми се закануваат дека нешто може да ми се случи ако продолжам да си ја вршам работата. Тие не само што знаат која сум, туку знаат и точно каде живеам“, вели колешката.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ