• Latest

Гласањето во Тетово, Центар Жупа и Маврово Ростуше почна навреме и се одвива без проблеми

August 20, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Гласањето во Тетово, Центар Жупа и Маврово Ростуше почна навреме и се одвива без проблеми

August 20, 2022 09:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во сите 117 избирачки места во Општина Тетово започна гласањето на локалните избори за членови на Совет и се одвива без проблеми, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово.

„Избирачките одбори нè информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми“ – изјави Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.

Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на денот ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат дури 403 кандидати од 13 кандидатски листи.

Денеска, во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат лично во канцеларија или на телефонскиот број 044 344-082, информираа од оваа установа.

Од таму потенцираат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање на итни мерки за ефективно  постапување од странa на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Со соопштение излезе и ЦИВИЛ кои ќе спроведат специфичен облик на мониторинг, преку пријави од граѓанките и граѓаните во трите општини.

„Им посакуваме мирен, демократски и успешен изборен ден на сите граѓанки и граѓани на општините во кои денеска се гласа. Отворени сме за пријави за изборни нерегуларности“ – порачуваат од ЦИВИЛ.

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник.

„Во 7 часот отворени се сите 16  гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица  а за да биде избран градоначалник гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица“ – изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Тој изрази очекување изборниот ден да мине во најдобар ред, со поголема излезност во попладневните часови.

На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен  од политичка партија.

Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западноевропска земја,  се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту во редовниот термин за локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77 додека во април 29,97 отсто.

Поради масовното присуство на печалбарите, кои по традиција во август доаѓаат во родниот крај, оправдано се очекува да се обезбеди потребниот процент на излезност.

Изборниот процес од Локалните избори за градоначалник во Општина Маврово и Ростуше утрово почна навреме, информира Ивана Ѓорѓеска, претседател на Општинската изборна комисија. Сите гласачки места, вкупно 39, утрово биле отворени во 7 часот.

Право на глас, во оваа општина според избирачкиот список имаат 9.948 граѓани.
Гласањето трае до 19 часот.

Подготви: Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ