• Latest

ЦИВИЛ: Посакуваме мирен изборен ден, отворени сме за пријави за изборни нерегуларности

August 20, 2022

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ЦИВИЛ: Посакуваме мирен изборен ден, отворени сме за пријави за изборни нерегуларности

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да пријавуваат изборни нерегуларности на monitoring.civil@gmail.com или телефонскиот број 070 699 580

August 20, 2022 10:28
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се одржуваат локални избори во три општини во нашата земја и тоа, за градоначалник на Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а во Тетово за Совет на Општина. ЦИВИЛ не акредитира свои набљудувачи на овие избори, но ќе спроведе мониторинг на спроведувањето преку пријави од граѓанките и граѓаните, како и со следење на ситуацијата на теренот, надвор од избирачките места.

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да пријавуваат изборни нерегуларности на monitoring.civil@gmail.com, телефонскиот број 070 699 580 или со порака на Фејсбук. ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, во својот мониторинг се потпира и на пријави од граѓанките и граѓаните. Секоја информација во изборните процеси е важна. Затоа, независно во кој формат ќе пристигнат (фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации), сите информации се прибираат и се анализираат.

„Каде да се пријават изборните нерегуларности, ако не во ЦИВИЛ? Нашата организација ужива огромна доверба граѓанките и граѓаните, независно од нивната политичка афилијација, припадност или потекло“ – велат од ЦИВИЛ.

Воедно, во духот на демократијата и неприкосновеното право на глас, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да го остварат своето право и со тоа да учествуваат во процесите на донесување одлуки во нивните општини. Правото на глас е неприкосновени и секој гласач има право да го оствари тоа право без страв од притисоци и да гласа според сопствените убедувања.

Во тој контекст, од ЦИВИЛ потсетуваат дека изборниот молк мора да се почитува за да им се овозможи на гласачите да донесат информиран избор за тоа што тие самите мислат дека е најдобро за нивната општина.

„Им посакуваме мирен, демократски и успешен изборен ден на сите граѓанки и граѓани на општините во кои денеска се гласа. Отворени сме за пријави за изборни нерегуларности“ – порачуваат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ