Руските сили ги распоредија своите вооружени транспортери на само 60 метри од реакторот 5 на нуклеарната централа Запорожје, стои во извештајот на британското Министерство за одбрана, пренесува Укринформ.
„На 21 август 2022 година, снимките покажаа дека Русија има засилено воено присуство на локацијата, со оклопни транспортери распоредени на 60 метри од реакторот број пет. Руските трупи веројатно се обидувале да ги сокријат возилата паркирајќи ги под надземни цевки и порти“, се вели во извештајот.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 25 August 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/3fhM5JyOS6
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/0eCZDn4CYZ
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) August 25, 2022
Британското министерството за одбрана додаде дека „Русија веројатно е подготвена да ја искористи секоја украинска воена активност во близина на АЕЦ Запорижја за пропагандни цели“.
„Додека Русија ја одржува воената окупација на АЕЦ Запорижја, главните ризици за работата на реакторите најверојатно ќе останат нарушување на системите за ладење на реакторите, оштетување на нејзиното резервно напојување или грешки од работниците кои работат под притисок“, се вели во извештајот.
Како што претходно објави Укринформ, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на состанокот на Советот за безбедност на ОН изјави дека мисијата на МААЕ треба да преземе постојана контрола врз ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје што е можно поскоро.
АЕЦ Запорижја е најголемата нуклеарна централа во Европа. На 4 март беше нападната и заземена од руските копнени сили. Оттогаш, напаѓачите распоредуваат воена опрема и муниција на локацијата на централата, гранатирајќи ја околината.
Европската унија ги осуди воените активности на Русија околу нуклеарната централа АЕЦ Запорижја и ја повика агресорската сила веднаш да ја предаде контролата над централата на Украина.
Подготви: Д.Мишев