• Latest

Здравица за Отворен Балкан, агресијата во Украина – приоритети во претседавањето со ОБСЕ, започна учебната година

September 1, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Здравица за Отворен Балкан, агресијата во Украина – приоритети во претседавањето со ОБСЕ, започна учебната година

September 1, 2022 16:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Отворен Балкан денеска покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа, изјави премиерот Димитар Ковачевски, на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Ковачевски, на отворањето на саемот заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, порача дека тука се вкрстуваат винските патишта на Балканот, со тоа што на едно место се пресретнуваат производителите, откупувачите и дестилариите од регионот.

– Македонското вино е со светски познат квалитет. Северна Македонија според последните рангирања е втор најголем извозник на вино во регионот, а 29 најголем извозник на вино во светот. Трета година по ред извозот на вино од нашата држава е во пораст, и во количини и по вредност, изјави Ковачевски.

Македонските винарии минатата година бележат зголемување од 19 проценти на извозот во споредба со 2020 година, а нивниот број е зголемен на 139, со просечно годишни производство од околу 100 милиони литри.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Двата критични двигатели, дијалогот и консензуалното одлучување, чија цел е мирна соработка и одржливост, се настрана. Ова ги парализира средствата на нашите организации и ги заглавува нивните процеси, додавајќи, во исто време, дополнителна неизвесност и непријатност низ регионот на ОБСЕ и пошироко, дури и доведувајќи ја во прашање нашата иднина како организација, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, во своето излагање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, претставувајќи ги приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со организацијата во 2023 година.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЕЗБЕДНОСТ Агенцијата за национална безбедност денеска организираше настан по повод три години од своето основање. Настанот се одржа во присуство на бројни претставници на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, судските институции, јавното обвинителство и други гости и соработници на Агенцијата.

ПОЛИТИКА Видливо е проевропско крило во опозицијата која ќе ги поддржи уставните измени, истакна денеска првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по одбележувањето на годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност.

ОБРАЗОВАНИЕ За учебниците по новата Концепција има законски постапки, треба да заврши постапката за економски оператор и учениците од прво, второ, четврто и петто одделение да ги добијат учебниците. Дотогаш ќе учат од соодветните материјали што ги подготви Бирото за развој на образованието, рече министерот Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање зошто не биле навремени административните процедури во набавката на учебниците.

СУД Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со водачите на армијата, тајните служби, полицијата, по вторпат во неколку дена.

Ќе кажам само едно: сакам да им се заблагодарам, во име на нашата разузнавачка служба, на сите наши луѓе кои силно нè поддржуваат на југот од земјата, особено на Крим, нагласи тој синоќа во своето обраќање до јавноста.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

„Зошто ќе помине одлуката за уставни измени според која Бугарите, Хрватите, Црногорците и веројатно уште една или повеќе етнички заедници ќе бидат внесени во Уставот?

Затоа што тоа е мудра и државничка одлука.

Затоа што нема ниту една здраворазумска причина нашите сограѓанки и сограѓани од други етнички заедници да не бидат дел од Уставот во кој веќе се набројани, покрај македонската, уште шест заедници.

Затоа што на тој начин, македонската држава манифестира највисоко демократско ниво и зрелост.

Затоа што со таа одлука ќе направиме уште еден голем чекор напред, на автопатот кон ЕУ и кон развиениот демократски свет“, пишува Џабир Дерала во колумната „Зошто ќе помине и зошто може да не помине одлуката за уставни измени?“.

Војо Маневски

„Зошто се поставуваат рокови за извршување на некоја работа? За правилата во светот не знам, ама со сигурност знам зошто се ставаат рокови кај нас. За да се прекршат или поточно да не се заврши работата што со тие рокови е зацртана. За почеток да поставам едно наградно прашање. Можете ли да се сетите на некоја законска обврска која се извршува навреме? И со зголемен мозочен напор не можам да се сетам на таков пример, а вие?“, пишува Војо Маневски во колумната „Тесно време“.

Емилија Целакоска

Ако некакво „мислење” фрлено на јавната сцена ги измрзлавува и ги заглупавува луѓето за проценување, истражување, консеквентно МИСЛЕЊЕ во смисла процесирање, разбирање и барем обид за решавање, или ги тера да се вртат во маѓосан круг во главата или, пак, дури и отворено им промовира дезинформација преку некаков авторитет, тогаш тоа не е мислење. Тоа е манипулација. Тоа во принцип и е напишано и во конвенцијата за човекови права, кај слобода на говорот, пишува Емилија Целаковска во колумната „Колку пати ќе умира Волтер?“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ