• Latest
Војо Маневски

Изметнување

September 6, 2022
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
Фотомонташа: Скринчот од видео на ЕВН/ екран од мобилен

Пола Македонија рано утрово без струја, телефоните за пријавување дефекти на ЕВН останаа „глуви“

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Двајца загинати и 19 повредени при судир на брод на мексиканската морнарица во Бруклинскиот мост

May 18, 2025
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025

Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Изметнување

September 6, 2022 10:42
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Јазикот е жива материја, велат лингвистите. Трпи влијание од современите потреби за поточно и подобро изразување. Сепак наследените зборови некогаш тoчно ја отсликуваат содржината, што со нив сакаме да ја опишиме. Има во нив и некаква народна мудрост потврдена со употребата.Имам еден таков пример за денешнава колумна.

Одгледувањето на лозје во Македонија, веројатно е старо колку и човечкото битисување на овие простори. Разни лози се одгледувале и од нив вина се правеле со милениуми. Колку од нив како автохтони видови преживеале досега ќе кажат енолозите што добија шанса во Отворен Балкан тоа да го докажат. Ете и синот на претседателот на Србија се разбирал во вино. Ако се сетиме на изреката на Латините дека во виното е вистината, тогаш тешко дека ќе го следи татко му во политиката. Во таа сфера такви појави не се добредојдени.

Да ја оставиме големата политика и да си го погледнеме нашето лозје и вино. Со комшијата имаме по две три лози кои ги насадиле уште нашите предци и мака мачиме да ги дочуваме до крајот на август. Те ги кроиме, те ги филизиме, прскаме двапати до Преображение и слаба фајда од нашите напори. Некаде од средината на август ги фаќа некоја болест, која половината род ни го однесе. Едноставно, грозјето пред да узрее се скапува. Деновиве ги береме последните гроздови со просечна тежина и правиме стратегија како да постапиме идната година. Те овој препарат за зимско прскање, те ова третирање во јуни и дојдовме до заклучок дека овие лози веќе не се за ова време. Не ги поднесуваат промените во природата околу нив. Нема друго, донесовме одлука да ги калемиме и тоа со некоја сорта што е по отпорна. Гугламе и бараме такви сорти, а комшијата мудро молчи.

Слушај новинар, не читај сѐ што пишува таму тоа е за широката јавност, барај некоја сорта што ќе си остане иста и после нас, а не да сѐ ИЗМЕТНЕ после две три години.

Како бре комшија да се изметне? Не е тоа некоја коза или магаре, па да се изметне од оглавот или да се изоглави. Лозите имаат своја генетска природа и не се подложни туку така на вкрстување.

Ајде бе паметњаковиќу! Стоката се одметнува или се изоглавува, а растенијата се изметнуваат. Па јас донесов садници, кајсија од Унгарија што таму плодот беше како праска, а после пет-шест години овде се изметна и стана како нашата шамка да не кажам ѕерѕелија. Не ми кажувај ти за тоа, гледај си пишувањето, тоа е твојата градина, а не оваа за која можам да ти држам предавање!

Е мудрост, си помислив! Кај нас многу работи се изметнуваат, па што останало за лозите или овошките. Ама изгледа народот најмногу се изметна. Не мислам овде само на мојот македонски народ, туку и на денешните потомци на народите што се во уставот или чекаат да бидат запишани во него. Зарем народот кој го изнедрил законикот на Дукачини, што е пример за висок морал и доследност се препознава во домаќините што не плаќаат струја и им наштетуваат на своите комшии што чесно си ги плаќаат обврските.Кон државата можеш да имаш различен однос ама кон соседот мора одговорно и домаќинси  да се однесуваш.Така стои во тој законик .Се изметнала до денес тврдата беса и авторитетот на домаќинот. Понатаму споредбите може да ги прави секој за себе или за другите свои сонародници.

За мојот народ можам со мирна совест тоа да го правам. Деновиве над камената плоча што ја одбележува родната куќа на Тодор Александров се полагаше цвеќе за одбележување на денот на неговата погибија. Неизбежно е да се прават споредби со него. Во документите кои ни се достапни стои дека бил скромен и неподложен на луксуз. За себе не сакал ништо повеќе, отколку обичниот член на Организацијата.Спиел на обичен железен кревет. Во тешки времиња го водел народот и за своите одлуки платил со живот. Во црковниот двор се погребани коските на Христо Чернопеев. Децата му гладувале, а тој не сакал од лирите „мистонки“ да потроши на нив. Епа, зошто се изметнаа неговите наследници во организацијата?:Уште за негово време Тодор го критикувал Ванчо Михајлов за начинот на кој живеал.–Од комити се изметнаа во државни заплатници (според тогашната терминологија) од војводи во кафански кавгаџии, а од револуционери комитетлии во неубедливи политичари. Споредете ги денешните челници на партијата со пораката на „стариот“.Изметнувањето како процес е лесно согледлив  Многу прашања допрва ќе треба да бидат одговорени за заслугата да се носат четирите букви што се идентитет на македонскиот народ. Еден мој пријател има добра досетка во која вели: од сокол буф се претворија, а од буф во утка се сторија, та само утат и утнуваат.

Да не останат некоментирани и наследниците на комунистичката партија. Тие тогашните оригинали се бореле за сопствените идеи за порамноправно општество, за подобар живот. Грешеле, ама верувале во својата идеа. Од неписмен народ на занаетчии и земјоделци изградија држава, која ги имаше сите нишани на организирана задница. Во што се изметнаа нивните наследници барем според декларираноста? Во безлична социјалдемократија која ја водат личности, кои поседуваат милиони евра. Ај некој нека ми го објаснат зедничкиот интерес меѓу сопственикот на капитал и наемникот. Стопати да се декларираат како левичари и членови на иста партија, самата природа на односите ги става на спротивставени страни.Се разбира доколку не се дел од новата класа наречена јавен сектор. Знам дека ги подзаборавивме овие постулати на марксистичката наука, ама тоа не ги прави невистинити.Економски е лесно да се докаже процесот на изметнување.Економијата на СРМ вредеше 1990 г. околу девет милијарди долари а колку вреди економијата на РСМ денес?Се надевам дека инфлаторните стапки за овие триесет години лесно се пресметуваат.

Се изметнаа, ќе рече мојот комшија што на свој грб го почувствувал секој од тие чекори на изметнувањето. Останаа само купиштата партиски тези што ги чуваат во некој партиски подрум како потврда на непостојаноста на определбите, а постојаноста на интересите.

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, така пишува на споменикот на даскалот Делчев на ѕидот на училиштето во кое ги учел некогашните новоселци во Штип. Сега таму е ректоратот на Универзитетот што го носи неговото име.

Кога таму се поклонуваат професорите на пригодните датуми си го поставуваат ли прашањето, кое е нашето поле за натпревар? Светот е широк, ама животот не е поле по кое може само да се помине. Господа историчари не ви се потребни никакви комисии. Историјата денес е збир од дваесетина гранки низ кои се докажува минатото. Истражувајте документи и научни докази и со аргументи, докажете ја историската вистина која сега ја тврдите, а не нѐ оставате ние обичните граѓани да бидеме ставени на сомнеж дека сето што досега сме го научиле било само некаков политички проект. Не е пријатно кога за некои од некогашните наши штипјани во светските енциклопедии ќе прочитаме некаква друга вистина. Професори од техничките науки сега е вашето време да го изложете своето знаење за користењето на енергијата и за нејзиното производство. Кој ако не вие може да го направи тоа? Доста учевте студенти за нископлатените работни места во странство. Инаку констатацијата е иста како и за политичарите. Се изметнавте од универзитетски професори во учители на дисперзирани паралелки. Нашите турски сограѓани велат  „не бива те чалма, те оџа“.

Во што се изметна новинарството нека пишува и критикува некој друг зошто не верувам во самокритика зошто тоа ми изгледа недостојно. Ако нешто знаеш дека не е добро тогаш не го прави е единствената вистина. Сѐ друго е лигаво оправдување.Не знам зошто, ама на ум ми паѓа насловот на еден албум на Џетро Тал од пред 45 години – престар за рокенрол, а премлад за смрт. Ова ми личи на голем број млади политичари, кои во политика влегоа со дваесет и неколку години. Сега се престари за промени, а се премлади за пензија.Во меѓувреме нараснаа нови млади кои се нестрпливи да ги заменат на партиските и државните јасли и самото тоа е доказ дека се изметнале некогашните надежни млади политичари во исфрустрирани средовечни мрчатори на се околу себе.Музиката од Џетро Тал можеби нема да им се допадне на некогашните млади активисти, ама текстот не е на одмет да го слушнат. Англиски треба да разбираат, после толку курсеви за разни управителски места.И за Тојфел имаат потврда а не за превод на рок енд рол  текстови.

Промените се секогаш потребни, ама изметнувањето не е промена, туку разнебитување на оригиналот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ