• Latest

Отворена „Алеја на Украина“ во Скопје, раскол меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Климовски извиси за Уставен судија

September 12, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Отворена „Алеја на Украина“ во Скопје, раскол меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Климовски извиси за Уставен судија

September 12, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ:

Во Скопје се отвори „Алејата на Украина“

Денес во Скопје, свечено се отвори „Алеја на Украина“ на улица Никола Кљусев, на која беше организирана изложбата на фотографии која го демонстрира уништеното културно наследство на Украина.

На отварањето се обратија Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир и Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Украинската амбасадорка Дир на отворањето на „Алејата на Украина“: Вие сте наши сигурни пријатели и сојузници, ние заедно со вас се бориме за демократската иднина на светот

„Војната веќе одзема многу животи од нашата држава, животи на деца, војници, волонтери, цивили,… Украина продолжува херојски да го брани не само сопствениот територијален интегритет и суверенитет. Украина, украинските војници и обичните луѓе во Украина ги бранат европските и универзалните човечки вредности по цена на сопствениот живот“, истакна Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, при отворањето на „Алејата на Украина“ во Скопје.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Целосната и забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, е од исклучителна важност за Европа, објави на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски, кој учествува на состанокот на лидерите на државите од Процесот Брдо-Бриони.

ПРОТЕСТ Системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните. Токму затоа денеска граѓаните на Шуто Оризари поддржани од Ромската заедница од сите Скопски општини, на денот на општина Шуто Оризари (12 септември), во 19:00 часот заеднички пред Град Скопје ќе го постават прашањето „Шуто Оризари – заборавена општина. До кога?“.

ПОЛИТИКА Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ги разреши од функциите секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински, кадри на ВМРО ДПМНЕ.

СУДСТВО Членовите на собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница не дадоа поддршка универзитетскиот професор Саво Климовски да биде избран за уставен судија, како предлог на опозицијата, пренесува МИА.

ПРАВДА Нови барања за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден и обвинет за неколку случаи, а престојува како азилант во Унгарија, како и за Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, кои се во бегство во Косово, најавуваат од Министерството за правда.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во регионот на Доњецк, руските војници во последните 24 часа убиле тројца цивили, а раниле уште осум други, објави на Телеграм Павло Кириленко, шефот на регионалната воена управа на Доњецк, пренесува  Укринформ.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека е изненаден од тоа колку поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп продолжил да го фали својот руски колега Владимир Путин, дури и откако Москва ја нападна Украина.

„Верувам дека имаше доволно време, и повеќе, да разбере кој е Путин“, вели Зеленски во интервјуто.

*

Украинските одбранбени сили во изминатите 24 часа успеаја да ги избркаат руските војници од повеќе од 20 населени места, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија на која ќе се отвори прашањето за постојаната дискриминација на општина Шуто Оризари од страна на институциите, на 13 септември (утре), со почеток во 11 часот, во ЦИВИЛ прес студиото кај бизнис центарот Палома Бјанка.

Тема на панелот ќе биде денешниот протест на жителите на Шуто Оризари, кој ќе се одржи во 18 часот пред Град Скопје, на кој граѓаните ќе го изразат своето незадовослтво од системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

Европа ја издржа пандемијата. Се прилагодува на климатските промени. Ќе ја издржи и „долгата студена зима“ со која се заканува Путин. Во Германија забрзано се градат капацитети со монументални димензии за трансформација на енергетските капацитети. Истото се случува во голем дел од големите демократии. НАТО се проширува и зајакнува. Пропагандата на Путин покажува сѐ послаби резултати (освен на Балканот).

Затоа, кратковида е заканата со зимата. Зимата ќе биде долга и студена и за Путин. За него зимата започна многу порано отколку онаа со која тој самиот се заканува. Впрочем , украинската офанзива е и почеток на зимата за Путин и неговиот рашистички режим, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЛАЈОТ „Winter is coming“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ