Министерството за правда ги заплени телефоните на двајца соработници на Доналд Трамп и издаде околу 40 судски покани во значителна ескалација на истрагата од 6 јануари, која ги испитува напорите на поранешниот претседател да ги поништи изборите во 2020 година, рекоа вчера луѓе запознаени со истрагата, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Федералните агенти со судски овластени налози за претрес минатата недела ги одземаа телефоните од најмалку две лица: Борис Епштејн, внатрешен советник кој помага во координирањето на правните напори на Трамп и Мајк Роман, стратег на кампањата, кој истовремено беше директор на операциите на денот на изборите за Кампањата на Трамп во 2020 година, велат луѓе запознаени со истрагата.
До ваквиот развој на настаните дојде кога Комитетот за правосудство на Сенатот објави дека планира да ги истражи наводите дека Министерството за правда под раководство на Трамп се обидело да ја искористи канцеларијата на американското обвинителство во Менхетен за да го поддржи политички и да ги следи неговите критичари. Наводите се во новата книга на Џефри С. Берман, кој беше американски адвокат за јужниот округ на Њујорк од 2018 до јуни 2020 година.
Министерството за правда соопшти дека е отворено за прифаќање на еден од предложените кандидати на Трамп за работа како независен арбитер за преглед на документите запленети од неговата резиденција во Флорида минатиот месец од страна на ФБИ.
Во меѓувреме продолжува посебната судска борба за тоа како потенцијалниот „специјален мајстор“ да ги прегледува одземените документи.
Подготви: Д.Мишев